Годишен хороскоп за 2018-та - Риби

Рибите ќе имаат енергична 2018 година со голем напредок на поле кариера и љубов.

godishen-horoskop-za-2018-ta-ribi-01.jpg

Во 2018 година Рибите ќе влезат во важна фаза од нивниот живот. Некои од нив ќе горат од амбиција и ќе добијат крилја да ги изреализираат сите свои желби. Во претстојната година ќе имаат радикални промени во начинот на живот, кариерата и љубовта.

Не дозволувајте да ве надвладеат емоциите, правилно насочете ја својата енергија и наградата ќе дојде. Вашите амбиции ќе растат паралелно со енергијата, па можна е добра финансиска добивка.

2018 ќе биде одличен период за љубов и средување на односите. Октомври ви носи убави новости на секое поле. Одлучноста и посветеноста се неопходни за да го искористите максимумот од добрата година што ви следува.

Работа и финансии

Ќе треба многу посветено да работите за да се покажете на работното место. Но, уште на почетокот од годината, вашите напори ќе бидат наградени.

Не се преоптоварувајте со работни обврски во 2018, туку фокусирајте се на еден, два проекти. Ентузијазмот ќе ве одведе до поголема плата и далечни бизнис патувања. Само немој да бидете импулсивни и преземајте мали и смели чекори до целта.

Треба да направите добар баланс на вашите потреби и буџетот со кој располагате. Ќе мора да одолеете на некои искушенија. 2018 е добро време да вложите во некое недвижнини.

Љубов

Љубовниот живот на Рибите во 2018 ќе биде навистина исполнет и среќен. Вашето ниво на емотивност ќе го достигне врвот и вашите односи ќе заземат нов правец.

Сепак, најважно е да се држите до вистинските семејни вредности.

Зафатените Риби ќе мора да направат одредени прилагодувања во односот со партнерот. Во случај да дојдете во недоразбирање со него, отворено разговарајте. Тргнете ја сета негативност што ве опкружува. Страста и романсата ќе бидат во воздухот во текот на целата година. Во ваши раце е успехот на врската.

Слободните Риби ќе имаат можност за многу убави средби. Но, не брзајте и добро одмерете ги предностите и маните на потенцијалниот партнер. На пролет ќе бидете поотворени за љубов, а токму некој ваш познаник можеби ќе ве запознае со љубовта на вашиот живот. Може да влезете во бајковита романса со Девица или Бик. Стабилноста доаѓа дури на есен.

Здравје

Во 2018 треба да се држите до своите здрави навики како во тренинзите, така и во исхраната, за да имате подобро ниво на енергија. Внимавајте да не се преоптоварите затоа што ќе имате многу активности и обврски во текот на целата година.

Ако јадете свежи намирници метаболизмот ќе ви биде на одлично ниво, а чувството на оптимизам ќе прави да се чувствувате здраво.

Надополнете го ова со медитација, јога и посета на некои релаксирачки места и ќе имате комплетно подмладување на вашиот ментален систем во претстојната година.

Би можело да ве интересира:

Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Годишен хороскоп за 2026: Стрелец 2026 година за Стрелците носи длабоки промени, освестување и нови можности, при ...

Најчитани неделава