Лавовите се забавни, Вагите смирени: Каков родител сте според хороскопскиот знак?

Вага

Вие сте задоволен и смирен родител. Ги учите вашите деца како да работите заедно за да имате мир во домот. Се гордеете кога се посветени на уметноста и науката.

Ги учите на манири и на коректен однос кон другите. Понекогаш знаете да бидете нерешителни.

Скорпија

Вие сте страстен и нетрадиционален родител, кој комплетно се предава на улогата. Ги учите децата да бидат храбри и доманинатни.

Сакате одлучност и така ги воспитувате, но на моменти знаете да бидете и ексцентрични.

Стрелец

Вие сте забавен и оптимистичен родител и сакате да ги воспитувате низ забава. Имате слободен дух, па и вашите деца ги учите да не се врзуваат премногу за работите.

Ги заразувате со ентузијазам, но внимавајте да не ги направите неодговорни.

Јарец

Вие сте дисциплиниран и одговорен родител и вашите деца се свесни дека вие ги правите правилата.

На моменти сте студени и песимистички настроени, но вашите деца го будат најдоброто во вас.

Водолија

Вие сте лојален родител, пријателски настроен кон своите деца и комплетно искрен.

Иако обожавате да минувате време со своите деца, понекогаш ви е потребна приватност за да ги наполните батериите.

Риби

Вие сте добар и несебичен родител и проблемите на вашите деца навистина ги сфаќате и анализирате сериозно. Топли сте, па и нив ги воспитувате да го сакаат домот.

Сепак бидете внимателни за да не ги „загушите“ со љубов.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...

Најчитани неделава