Кои хороскопски знаци меѓусебно си одат на живци?
Вага
На ниту еден друг знак не му значат повеќе мирот и чесноста одошто на Вагите. Кога ќе направат грешка, веднаш ќе ја признаат и ќе сакаат да ја поправат. Сосема спротивно од Овните. Тоа е една од причините зошто овие знаци не се поднесуваат.

Скорпија
Фантазери како што се Водолиите ги излудуваат темпераментните Скорпии, кои имаат изразена потреба цврсто и со обете нозе да стојат на земјата.

Стрелец
Стрелците обожаваат авантура и возбуда, а се грозат од ред и монотонија. Оттука, нив ги иритира премногу уредната Девица, но и хиперсензитивните Ракови.

Јарец
На одговорните и точни Јарци им одат на нерви лабилните и непостојани Ваги.

Водолија
Биковите, кои секогаш амбициозно ги следат сите правила и имаат беспрекорно организиран живот, ноќна мора се за сонувачите родени во знакот на Водолија.

Риби
Креативната и емотивна природа на Рибите, никако не ги поднесува гласните и eкстровертни Стрелци, кои секогаш се во потрага по внимание.

М. А. | Црнобело