Јарецот ве носи дома кога сте пијани, Рибите не забораваат роденден: Какви пријатели се хороскопските знаци?

ВАГА

Она што Вагата сака најмногу да го прави е да зборува со пријателите. Да зборува и да дели совети. Па доколку сте расположени за длабоки филозофски дискусии или пак можеби петпарачки тривијални смешни муабети, Вагата е секогаш тука, расположена и неуморна за повеќе и повеќе разговор.

СКОРПИЈА

Најлошиот непријател, но најдобриот пријател. Верна, лојална и принципиелна кога се работи за пријателите, Скорпијата никогаш нема да ве остави на цедило.

Подготвена е да влезе во војна за пријателите, премногу заштитнички настроена и одбранбено поставена кон нив.

СТРЕЛЕЦ

Стрелецот мрази да гледа тажни лица. Тој ќе направи буквално сè што е во негова моќ да ве расположи. Ќе ви купи јадење или омилениот пијалак, ќе ви раскажува шеги, ќе игра видео игри со вас или ќе се качи на врвот од планината, иако вее снег.

ЈАРЕЦ

Каприциозниот, но принципиелен Јарец ќе намали или целосно ќе се лиши од алкохолот кога ќе види дека сиите пијат на забавата и ќе биде оној кој безбедно ќе ве врати дома.

Со Јарецот секогаш имате загарантиран личен возач кој ги почитува сите сообраќајни прописи и правила.

ВОДОЛИЈА

Водолијата е од оној тип на луѓе со кои може да водите психолошки муабети по цела ноќ додека не се раздени.

Сакаат да им пристапуваат на проблемите од психолошки аспект и особено обожаваат кога се ставаат во улога на психолози за своите пријатели.

РИБИ

Рибите се единствените што без проблем ќе ви го запаметат роденденот. Ним не им е потребен Фејсбук или некакви известувања кои ќе ги потсетат за вашиот најважен ден, тие го знаат подобро и од вас самите.

Воедно, тоа се пријателите кои недели порано ве поттикнуваат да го прославите или барем одбележите роденденот бидејќи е прилично важен ден во животот.

(О)Милена | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...

Најчитани неделава