Зошто имате проблеми во врските, според хороскопскиот знак?

Овните се одлични слушатели, но знаат да ги загушат партнерите. Биковите се лојални партнери, но се вистински злопамтила.

zoshto-imate-problemi-vo-vrskite-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Дали сте од оние партнери кои комплетно го предаваат срцето во врските или пак секогаш сте резервирани и страста ви е поважна од љубовта?

Дали ви е најважно што ќе кажат другите или како се чувствувате вие?

Што кажува вашиот хороскопски знак за вашиот став во љубовта:

Овен

Вие сте одлични слушатели и сакате да му покажувате на партнерот љубов и нежност. Ова е одлично, сè додека не почнете да го гушите.

Откако партнерот ќе започне да чувствува дека сте му како родител, тогаш врската наскоро ќе наиде на криза.

Бик

Вие сте лојални, посветени и подготвени за долги врски. Најголема борба во врските ви е да научите да простите и да заборавите, откако ве изневериле на каков било начин.

Злопамтило сте и лутината што ја држите може да го измори партнерот. Тој ќе ви се извини и ќе се обиде да ги поправи работите, но на крајот ќе се умори од докажување одново и одново.

Близнаци

Вие сте голем флертувач и имате тешкотија да бидете постојани. Не сакате рутини и потребен ви е авантуристички и спонтан партнер.

Ако почнете да ја чувствувате монотонијата на секојдневието, ќе преминете на наредното поглавје брзо. Најголемата борба во врските ви е да научите да живеете со здодевните рутини, кои неизбежно настапуваат во животот.

Рак

Вие сте екстремно нежни и чувствителни и неретко сакате да се криете зад силната надворешност. Кога конечно ќе му се отворите некому и ќе почнете да му верувате, му се обврзувате долгорочно.

Вашата мана е што ви е тешко да продолжите понатаму откако врската ќе заврши. Имате навика да се врзувате за минатите врски со години и да ги блокирате шансите за влез на нови луѓе во вашиот живот.

Лав

Познати сте по големото его и неспособноста за компромиси. Навистина се борите на почетокот од врските кога сакате да се прикажете како многу самоуверена личност. Но, тоа маска со која ги прикривате несигурностите.

Откако ќе стекнете доверба во партнерот му се отворате лесно. Ако ги надминете вашите почетни стравови од манипулација и предавство, ќе развиете огнена и долгорочна врска.

Девица

Вие сте перфекционисти и луѓето треба да бидат среќни ако успеат да го „преживеат“ првиот состанок со вас. Но, тоа е добро за вас затоа што во старт проценувате дали си имате работа со губитник и дали врската има потенцијал.

Од друга страна, никој не сака секој негов потег да биде детално разгледуван низ вашиот микроскоп.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...

Најчитани неделава