Дали сте среќник или најголем баксуз на светот според хороскопот?

Вага

Здраво среќници! Не е никаква тајна дека сте вечни оптимисти и дека животот ви се одвива токму онака како што сте замислиле. Доколку другите се чудат како го победувате секој лош ден во животот, одговорот е – со помош на вашата перцепција на нештата.

За тоа може да ѝ се заблагодарите на вашата планета Венера, затоа што чашата секогаш ја гледате како полу наполнета.

Скорпија

Иако сте склони секогаш да ги забележувате и истакнувате негативните работи, вие сте прилично среќен хороскопски знак. Кога ќе вложите само малку труд во она што го сакате, желбите ви се остваруваат, а кога посакувате да смените нешто – животот секогаш ви се насмевнува.

Многумина не можат така брзо и лесно да го управуваат сопствениот живот, а за вас слободно може да се каже дека сте среќници на оваа тема.

Стрелец

Честитки, и вие сте еден од среќните знаци во зодијакот. Ве следи планетата Јупитер која ви помага да направите лимонада од сите кисели лимони кои ви ги дава животот.

Секако, тоа не значи дека понекогаш животот не ве предизвикува, но никогаш нема да останете без решение на проблемот и таа мала капка среќа која ви доаѓа сосема природно.

Јарец

Вие сте предодредени да бидете водач, па токму затоа први се соочувате со проблемите и тешкотиите. Способни сте да го направите тоа со неверојатна леснотија.

Додека работите ги решавате со комбинација на емотивно и ментално вложување од своја страна, ќе имате среќа да ја исполните зацртаната цел.

Водолија

Заслужувате силна и топла прегратка, бидејќи да бидеме искрени, секогаш го извлекувате „подебелиот крај од стапот“ и не може да се пофалите дека ве следи некоја особена среќа во животот.

Тој никогаш не бил особено фер спрема вас, но вие сте храбар борец и секогаш успевате да ја држите главата над водата, дури и кога изгледа дека ќе потонете и ќе се удавите.

Риби

Многу одамна, среќната планета Јупитер владеела со вашиот знак. Иако Нептун, планетата на инспирацијата ги истакнува вашите психички способности, бидејќи во моментот владее со вас, сепак одамна изгубениот татко Јупитер сè уште има мало влијание врз вашиот знак.

Тоа значи дека не само што сте среќни, туку и дека две планети ве водат низ животот кон целосна, апсолутна среќа.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...

Најчитани неделава