Љубовен хороскоп за јули: Раковите ги очекува ексцентрична авантура, Лавовите - крунисување на љубовта

ljuboven-horosko-za-juli-2018-rakovite-gi-ochekuvaekscentrichna-avantura-lavovite-krunisuvanje-na-ljubovta-01.jpg

Месец јули е период на авантури, на незаборавни мигови и нескротливи емоции.

Дали со партнерот ќе ги имате најсилните прегратки и најзначајните мигови ова лето или пак ќе ве понесе магијата на некоја незаборавна авантура со личност што ќе ја запознаете на некое патување?

Откријте што ви носи месец јули на поле љубов:

Овен

Ако сте во врска:

Искористете го периодов со партнерот да отпатувате на одмор или на друг начин да пронајдете време за заедничка забава. Вашиот партнер малку ќе се сомнева во вас и под лупа ќе ги стави и најситните детали, но ќе има нови идеи за кои ќе му треба вашата поддршка. Втората половина на јули ви носи повеќе стабилност во врската, ќе изреализирате некоја заедничка цел и ќе го зголемите буџетот.

Ако сте слободни:

Ќе имате одлични можности за запознаете некој нов и комплетно да го маѓепсате, а со тоа да почнете врска на долги патеки. Ќе ве привлече некоја необична личност, но позитивна и полна со идеи. Само внимавајте претерано да не ја идеализирате. Со тактичност и упорност ќе го освоите вниманието на оваа личност, а искрениот пристап ќе ви биде рецептот за успешен однос.

Бик

Ако сте во врска:

Можни се конфликти со партнерот, па дури и прекин на врската доколку не ги решите проблемите што ги имате. Мора да го прифатите партнерот како дел од себе, да обрнувате внимание на него и да не очекувате премногу од него во секоја пригода. Намалете со притисоците и во втората половина од јули може да уживате во смирена врска, полна со нова страст и коренити промени.

Ако сте слободни:

Ќе имате ново познанство со стабилна и рационална личност. Ќе бидете приземјени, без преголемо залетување и идеализирање, што е многу подобро од вртоглаво заљубување во погрешна личност. Некои Бикови може да почнат врска со личност со која долго време биле во пријателски односи. Некое патување може да промени сè.

Близнаци

Ако сте во врска:

Партнерот инсистира на обрнување внимание на деталите, а вас тоа не ве интересира, мислите дека претерува, па можни се конфликти во врската. Ако сакате да го подобрите односот мора да го разберете партнерот и да престанете да се однесувате како дете. Бидете зрели и преземете одговорност, ако сакате стабилна врска без сомнежи. Патување со партнерот би било одличен почеток на новата етапа од вашата љубов.

Ако сте слободни:

Уште на почетокот од јули ќе се заљубите, но кратко потоа ќе сфатите дека сте погрешиле, како и многу пати досега. Не жалете се, затоа што досега требаше да ја научите лекцијата да го вклучувате разумот, пред да стапите во врска. Малку ќе патите, но ќе успеете да избегнете понатамошни несакани ситуации ако се обидете да најдете некој сличен на себе.

Рак

Ако сте во врска:

Ќе имате огромна поддршка и помош од партнерот и тоа ќе ви ја зацврсти врската. Ќе сфатите дека можете да се потпрете на него и дека ќе ви помогне на патот до реализација на вашите желби. Ќе минувате заеднички мигови исполнети со задоволство, забава и одлична комуникација. Партнерот ќе ви приреди пријатно изненадување и ќе ви оствари една голема желба.

Ако сте слободни:

Во вашиот живот може да наидете некој ексцентричен партнер, што значи ви следува убава авантура од која не треба ништо сериозно да очекувате. Иако, ќе трае многу кратко, таа ќе ве исполни со прекрасни чувства и во умот ќе ви врежи незаборавни мигови. Извлечете го најдоброто што можете од ова, а кон крајот на месецот можеби ќе ви се отворат вратите за долгопосакуваната стабилна врска.

Лав

Ако сте во врска:

Ќе имате огромна страст и уживање во врската. Партнерот ќе има потреба од многу внимание, но тоа нема да ви биде тешко да му го овозможите во овој период. Ќе почнете да размислувате за практични работи околу домаќинството, а не само за забава. Заедничките планови со саканата личност уште повеќе ќе ве зближат. По одморот врската ќе ви биде на ново и уште подобро ниво и ќе чувствувате неверојатна среќа.

Ако сте слободни:

Ќе имате неверојатна авантура. Како да не сакате да се врзувате периодов, па тоа совршено ќе ви одговара. Време е да одморите од сè и да отпатувате некаде бидејќи токму на тоа патување можно е ново значајно познанство. Пронајдете повеќе време за релаксација и забава и мамете погледи со својот шарм. Ќе запознаете некоја практична личност со која ќе имате многу заеднички интереси.

Девица

Ако сте во врска:

Ќе се посветите на откривање на заеднички интереси со партнерот. Потребно ви е нешто со кое ќе ја освежите врската. Ќе имате некое неочекувано патување со забавни искуства и тоа ќе донесе стабилност во вашата врска. Избегнувајте ги тајните со партнерот и отворено разговарајте на секоја тема. Ќе биде потребно да направите некое компромиси, ако сакате убавите мигови да продолжат.

Ако сте слободни:

Ќе имате шанса да влезете во стабилна врска на долги патеки. Ќе запознаете личност која брзо ќе ве освои поради низата заеднички интереси. Ќе бидете вљубени до небо и ќе сакате секој миг да го минувате со него. Сепак, внимавајте очекувањата да не ви бидат претерани, туку реални, за да не го оптоварите него и себе уште на самиот старт од врската.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg