Горделиви, страсни и драматични - ова е вашиот месец жени Лавици

Сте се запрашале ли некогаш какви се жените родени во хороскопскиот знак Лав? Добродушни, театрални, многу привлечни и храбри. Тие се страсни, тврдоглави, упорни, љубезни, лојални и чесни.

Ova-e-vasiot-mesec-zeni-Lavici-01.jpg

Во нив тлее нескротлив темперамент полн живост, тие се горди. На кратко вака ќе ги препознаете жените-Лавици.

Лесно ќе ги забележите во толпата – имаат најубава насмевка, се смеат гласно и се движат мошне самоуверено.

Со овој хороскопски знак доминира Сонцето, односно центарот на универзумот, па не е никакво чудо тоа што Лавот сака да биде во центарот на вниманието, а тоа лесно и му успева.

Кога е потребно, ќе ги покажат своите канџи и ќе се бранат, а кога жената Лав е лута, најдобро ќе ја смирите доколку ѝ понудите подарок или ѝ дадете неколку комплименти.

Тие се авантуристички настроени, се истакнуваат со силен дух кој сака да победи и благодарение на сопствената интелигенција, имагинација и креативност, животот на Лавиците е исполнет со многу победи.

Сексот и врските

Лавиците се прилично независни и поседуваат магнетска и моќна индивидуалност. Тие бараат некој кој ги поседува скоро истите квалитети како нив.

Не бараат партнер кој ќе се грижи за нив, туку човек кој е самоуверен, живее со полна пареа и може да им овозможи сè доколку тоа им е потребно.

Сакаат забава, сакаат живот исполнет со динамика. Не поднесуваат рутина и постојано се во потрага по начини да се смешни нешто што ќе им го направи животот повозбудлив и подраматичен.

Сексот им е многу важен на Лавиците. Тој воедно е најдобриот начин со кој партнерот ќе ѝ покаже колку ја посакува и колку е пожелна. Лавиците сакаат убава секси долна облека, како и преземање на иницијативата во спалната соба.

За Лавиците не постојат табуа во сексот. Тие сакаат да испробаат сè, а подеднакво важно им е задоволството на партнерот, како и сопственото задоволство. Деловите од телото коишто доминираат кај Лавиците се ’рбетот, грбот и срцето, па најлесно е да ги заведете со сензуални милувања по грбот.

Во љубовта, најмногу се пронаоѓаат на иста бранова должина со Близнаци, Стрелци и Ваги.

Пријателство

Благодарение на нивната топлина, магичната енергија, ентузијазмот и храброста која ја поседуваат, жените Лавици успеваат да привлечат многу луѓе кон себе.

Нивните пријатели се најчесто еден вид на „обожаватели“, луѓе кои им се воодушевуваат. Дарежливи се по природа и сакаат да се дружат со многу луѓе.

Секогаш се покрај пријателите и би им простиле многу грешки, освен предавство.

Надворешен изглед

Лавиците генерално имаат густа и сјајна коса со која се гордеат, слично како и Лавот во природата. Имаат експресивни карактерни црти на лицето. Се одликуваат со големи и топли очи, сјаен поглед, високо чело, напрчен нос и мали уши.

Лавиците најчесто имаат тенки, прави и долги нозе, истакнат долг струк, цврста мускулатура и еден вид на кралско држење.

Не можете да не ги забележите, дејствуваат видливо, гордо, но на мошне избалансиран начин. Сакаат скап и квалитетен накит како и модни додатоци, а најчесто се облекуваат во жолта и портокалова боја.

Ova-e-vasiot-mesec-zeni-Lavici-02.jpg

Стил

Како што веќе споменавме, Лавиците сакаат да се облекуваат во жолто и портокалово, но она што ги катапултира во центарот на вниманието е златната боја. Таа е олицетворение на сè она што го сака и претставува Лавот–топлина, луксуз, театралност, исклучителност и восхит.

Лавиците избираат модни додатоци од најдобар квалитет, сакаат раскошни парчиња и за нив зборот конформизам е забранет. Со еден збор – сакаат работи кои ги нема никој друг.

Успешно ги „филуваат“ и најнеобичните и најдраматичните модни трендови, благодарение не самодовербата. Лавиците обожаваат фини материјали, како свила и кашмир и совршено скроени парчиња.

Ништо не им ја поткрева самодовербата како одењето на фризер. Во нивната гардероба ќе пронајдете квалитетни чевли, раскошни шалови и скап накит со сјајни камења.

Стилски икони родени во знакот на Лав

Пејачката и актерка Џенифер Лопез е типичен претставник на хороскопскиот знак Лав.

Оваа година на 24 јули таа го прослави својот 49-ти роденден. Оваа бомбастична Лавица е како виното – што постаро, тоа подобро.

Каде и да се појави го „краде“ вниманието со својата појава и важи за една од најсамоуверените и најдобро облечените диви на црвениот тепих.

Уште неколку други славни ѕвезди се родени Лавици и мамат воздишки на големото платно и манифестациите, како Шарлиз Терон, Џенифер Лоренс, Сандра Булок, Хали Бери, Мила Кунис, Хелен Мирен и Мадона.

Ova-e-vasiot-mesec-zeni-Lavici-03.jpg

Лавици, ова е вашиот месец, заслужено уживајте.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
Во кои месеци се родени луѓето што се лидери во животот? (рангирани од најдобриот) 2-ро место: Родени во јули - Ги читате луѓето како евтин роман. Вие ги носи...
6 месеци во кои се родени луѓето со кои никогаш не е здодевно (и зошто ви требаат) Родените во декември се душата на секоја забава и луѓе што секој сака да ги има ...
4 месеци во кои се родени луѓето кои денес треба да останат во пижами цел ден Родени во април: Денес едноставно не сте расположени за ништо. Сонцето сјае, тел...

Најчитани неделава