Што би промениле кога би можеле да го вратите времето, според хороскопскиот знак?

Вага

Чувствителните и воздржани Ваги со враќањето во минатото би се насочиле кон тоа помалку да патат поради љубовта и поамбициозно би се посветиле на работата. Би се труделе да бидат поодлучни и би заборавиле на својата претерана правичност. Не би допуштиле никому да манипулира со нив. За промена, нема да се стремат да ги повредуваат оние кои не им ги исполниле желбите. 

Скорпија

Кога Скорпиите би се вратиле во минатото, би сакале да ги избришат своите одмазди, лутината и љубоморните сцени. Помалку би ги малтретирале другите, повнимателно би ги избирале зборовите и повеќе внимание би им посветиле на оние кој навистина ги сакаат. Поинтензивно би ги развиле своите дарби и би се обиделе да се искачат што е можно погоре на скалата на кариерата. Секако, би сакале да намалат и со својот сарказам.

Стрелец

Ако Стрелците добијат можност да го променат минатото, би сакале уште во младоста да научат да бидат поодговорни, помалку да трошат и би живееле вистински, од срце, што би им овозможило и подобар напредок во кариерата. Би биле повлијателни, помалку време би трошеле на луѓе кои не се вредни за нивната почит. Во љубовта никогаш не би седеле на две столчиња и своите чувства би ги насочувале кон онаа личност што навистина го заслужува тоа.

shto-vashiot-horoskopski-znak-bi-promenil-koga-bi-mozhele-da-go-vratite-vremeto-04.jpg

Јарец

Кога Јарците би ја завртеле временската машина, многу работи би биле сосема поинакви. Најпрво би се ослободиле од комплексот на помала вредност, би поработеле на самосвесноста и би се ослободиле од ограничувањата. Би се ослободиле од влијанието на своите родители, кое всушност ги ограничува во спонтаното и слободно живеење. Би си дозволиле повеќе работи и дури и би се впуштиле во некоја авантура.

Водолија

Кога Водолиите би можеле да го вратат времето, и на работен и на приватен план би биле поодговорни и повеќе промислени. Помалку би зборувале, а повеќе би правеле. Би биле подготвени да ги продлабочуваат односите, на саканите би им посветувале повеќе време и би им пружале чувство на сигурност. Помалку би се забавувале до доцна во ноќта и не би се труделе толку многу да им ги решаваат проблемите на луѓето кои не им се блиски. 

shto-vashiot-horoskopski-znak-bi-promenil-koga-bi-mozhele-da-go-vratite-vremeto-02.jpeg

Риби

Кога Рибите би можеле да запливаат во минатото, би се обиделе да бидат повеќе великодушни, помирни, помалку лабилни и љубоморни. Односите со луѓето не би ги расипувале за ситници барајќи „влакно во јајцето“ и би биле поспонтани и попријатни. Во работата не би дозволиле да ги уценуваат и да им поставуваат невозможни услови. Повеќе би ја слушале својата изострена интуиција.

Е. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...
Годишен хороскоп за 2024: Скорпија Одлучни сте да направите некои промени на финансиски план, и благодарение на нек...
Една ваша навика поради која не сте продуктивни, според хороскопскиот знак Продуктивноста зависи од многу фактори, но во голем дел зависи и од карактерот н...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg