Вагата е однадвор прибрана, однатре хаотична - краток и прецизен хороскоп за секој од знаците

Хороскопот открива елементи од нашиот карактер со неверојатна точност. Астролозите биле едни од најценетите личности во минатото, бидејќи се верувало дека судбината е запишана во ѕвездите и дека може да ја предвидат иднината.

Kratok-i-precizen-horoskop-za-sekoj-od-znacite-01.jpg

Бикот сака да се расправа со сите, а Близнаците, иако навидум се мирни и мирољубиви потајно имаат желба да влетуваат во жестоки дискусии.

Оваа куса, но прилично прецизна хороскопска анализа ќе ви открие многу повеќе отколку што очекувате за вашиот карактер:

ОВЕН

Лидерот во секоја група. Секогаш ги носи најтешките одлуки. За најголемиот дел од пријателите смета дека се здодевни или премногу незаинтересирани. Каде и да е, си поминува премногу добро или најлошо на светот. Не постои златна средина за нив.

Ги насочува луѓето кон нови работи, нови знаења, а подоцна се кае зошто ги споделил тајните откритија со другите луѓе. Потребна им е дремка почесто отколку што си признаваат.

БИК

Сака да се расправа буквално со сите околу него. Понекогаш кажува навредливи работи, притоа немајќи идеја дали и како ги навредиле.

Понекогаш се затвораат во себеси и својата соба со денови, без потреба од никаков надворешен контакт. Биковите се оние кои праќаат „мемиња“ во групните онлајн разговори. Сепак, тие се луѓе со многу добро срце.

БЛИЗНАЦИ

Секогаш имаат изговор за сè, и колку и да звучи бесмислено ќе го употребат. Глумат дека не сакаат да бидат дел од никакви конфронтации, а потајно умираат да дојде до некаков вид на дебата и дискусија.

Околу 90% од разговорите со Близнаците вклучуваат работи за кои тие се заинтересирани и имаат страст. Лесно прифаќаат фрази кои ги користат нивните пријатели, а подоцна ги употребуваат постојано како свои.

РАК

Навидум ненаметливи, но потајно мислат дека се подобри од сите останати. Се занимаваат со сто активности – пилатес, крос-фит, јога, зумба… Раковите со сигурност се најдобро подготвени за каква и да било природна катастрофа како земјотрес или поплава.

Најмногу од сè внимаваат на сопствената репутација. Во одредена ситуации умеат да бидат мошне манипулативни, иако не се премногу вешти во тоа.

ЛАВ

Поголем талент имаат за уметност отколку за спорт. Расположението и односот им се менува во зависност со кого се опкружени. Во некои ситуации се многу паметни, а во други изгледаат како да немаат идеја што се случува и за што се зборува.

За одбрана група луѓе би направиле сè што е во нивна моќ, иако тие никогаш не би им ја возвратиле услугата.

ДЕВИЦА

Веројатноста е дека имаат стотици започнати, а недовршени задачи. На секоја една порака враќаат со неколку, односно со мал мини-реферат. Потребен им е личен простор за да функционираат.

Се смеат и на интелигентни и на глупави шеги, убедливо најгласно од сите. Детално ги паметат работите, па дури и 5 години од некоја случка сè уште не можат да заборават или да кренат раце.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Зошто немате (вистински) пријатели, според хороскопскиот знак? Додека Водолиите ги одбиваат сите покани за излегување, на Близнаците им е тешко...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg