Скорпијата манијачи низ прозорецот, Водолијата шета гола - што прави секој од знаците кога е сам дома?

ВАГА

Ќе ги најдете во бањата, со наполнета када до врвот со вода и меурчиња од сапуница. Претходно си направиле пилинг и ставиле маска на лицето. Лежат во топлата купка, релаксирајќи се со омилената музика, со мирисливи свеќи додека пијат вино.

СКОРПИЈА

Сами дома, значи само една работа за Скорпијата – да се манијачи и истражува како врвен детектив. Не дека тоа не го прават кога се покрај некој друг, но радоста да се зјапа низ прозорецот и тајно да се анализира секој автомобил или сосед кој ќе помине е незаменлива кога си сам дома.

СТРЕЛЕЦ

Си зборува со самиот себе. Си ги кажува плановите на глас или прераскажува некоја смешна случка. Си потпевнува додека се гледа во огледалото. Стрелецот си вежба гримаси додека е сам дома, а најчесто глуми дека е повикан на телевизија како гостин за интервју, па одговара најдобро што може на имагинарните прашања.

ЈАРЕЦ

Се гледаат филмови како да не постои утре. Сè што пропуштил Јарецот додека работел вредно и напорно сака да го надомести во една вечер. Бидејќи не може утре да се разговара на некоја филмска тема, а тој да не биде во тек со новостите.

ВОДОЛИЈА

Шетаат голи низ домот, додека во едната рака држат кафе, а во другата сендвич. Истражуваат чудни и необични теми на интернет поврзани со религија, филозофија, окултизам и мистицизам.

На крајот пуштаат документарен филм на некоја слична тема која трае бескрајно долго, свесни дека никој не би сакал да им прави друштво, па подобро да го изгледаат додека се сами дома.

РИБИ

Ѕвонат упорно по неколку пати кај домашните додека не сфатат дека се сами дома. Кога конечно сфаќаат дека нема никој ќе се исплачат да им олесни на душичката. Пред да се приберат сите дома, ќе се средат како да не се случило ништо и ќе успеат да испечат и некој колач или кифлички, за да замириса убаво дома.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg