Љубовен хороскоп за ноември 2018: Јарците ќе имаат незрели додворувачи, Близнаците нова врска

ljuboven-horoskop-za-noemvri-2018-jarcite-kje-imaat-nezreli-dodvoruvachi-bliznacite-nova-vrska-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Ќе мора повеќе да се потрудите ако сакате да ја избркате негативната енергија од вашата врска. Малите несогласувања ќе продолжат затоа што вие ќе имате многу поголеми апетити за забава од оние на вашиот партнер. Уживате во сосема различни работи, па ако сакате да функционирате мора да се пронајдете на половина пат. Зададете си задача да му исполните најмалку една желба на партнерот овој месец.

Ако сте слободни:

Во вашиот живот ќе влезе личност која неверојатно ќе ве привлекува и психички и физички. Ќе имате многу заеднички карактеристики и ќе ве зафати двајцата бура од емоции. Сепак, мора да ја надминете поранешната врска, ако не сакате несогласувања во новата уште на самиот старт. Гледајте ја големата слика и мислете на иднината.

Скорпија

Ако сте во врска:

Ќе имате мирен период во врската, но сè уште мора да работите на решавање на некои проблеми од минатото. Ќе успеете да надополните за пропуштените заеднички мигови, благодарение на отворените разговори. Заедничките излегувања ќе ве направат двајцата среќни и исполнети. Одлично е што нема да ѝ се предадете на рутината.

Ако сте слободни:

Ќе бидете воодушевени од некоја личност и дури ќе ја идеализирате. Комплетно ќе се вљубите во неа и, за среќа, нема да бидете разочарани. Ќе имате многу заеднички интереси и ќе чувствувате возбуда што заедно ќе го истражувате светот. Со задоволство ќе ја претставите пред вашите роднини и пријатели. Конечно ќе чувствувате дека ја пронајдовте својата втора половина.

Стрелец

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе бидете во можност да остварите една важна заедничка цел. Кон него ќе се однесувате внимателно, со многу поддршка, почит и разбирање. Во вашиот однос ќе доминира позитивната енергија и ќе чувствувате дека заедно можете да ги надминете сите препреки. Не дозволувајте една посериозна кавга да фрли сенка врз сè што сте граделе со години.

Ако сте слободни:

Ви се допаѓа една личност, која, иако ви возвраќа на емоциите, е зафатена. Добро е што ќе бидете решителни да му го свртите грбот на ова и да продолжите понатаму. Ќе запознаете личност која воопшто не ги задоволува вашите критериуми, но магично ќе ве привлекува. Препуштете се на емоциите и видете каде ќе ве одведе тоа. Ризикот ќе ви се исплати.

Јарец

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе смислите заеднички цели и тоа ќе ви донесе нова радост во заеднички минатите мигови. Конечно ќе научите како да се договарате за работите. Искрениот пристап со отворено кажување што навистина сакате ќе направи врската да ви биде посилна од кога било. Другите ќе ви завидуваат на одличната комуникација.

Ако сте слободни:

Шансите да влезете во нова врска во текот на ноември не се големи. Неколку личности ќе ви го привлечат внимание, но по куса комуникација со нив ќе сфатите дека се незрели и емотивно нестабилни. Најмногу што можете да добиете од нив е краткотрајна авантура. Исто така, некоја личност од минатото ќе дојде со понуда за вас, но најдобро е периодот да го минете сингл и мирни.

Водолија

Ако сте во врска:

Конечно ќе успеете да ги разберете потребите на саканата личност. Ќе го подобрите односот и страста ќе се врати во врската. Излегувањата со заедничките пријатели се неопходни за добра енергија. Ќе успеете да го убедите партнерот да започне да се занимава со вашето хоби и ќе сфатите дека сте навистина среќни заедно.

Ако сте слободни:

Месецов е поволен за средби со припадници на спротивниот пол. На почетокот ќе бидете несигурни, но ќе сфатите дека личноста со која започнавте комуникација навистина ви одговара. Ќе си дозволите да се впуштите во врска и ќе сфатите дека сте создадени како еден за друг. Не колебајте се да се посветите комплетно на вашиот однос.

Риби

Ако сте во врска:

Ќе знаете како да го развеселите партнерот во секој миг. Отворено ќе му кажете дека имате потреба да минувате повеќе време со него. Можни се мали недоразбирања поради разликата во нивото на енергија. Вие сте многу подинамични и на моменти дури ќе го оптоварувате. Обидете се да балансирате.

Ако сте слободни:

Упорно ќе се обидувате да го привлечете вниманието на некоја личност што ви се допаѓа и сте ја запознале неодамна. Но, вашите напори ќе бидат залудни затоа што таа нема да покаже интерес за вас. Наместо тоа ќе ја обновите врската со поранешниот партнер и овојпат посветено ќе пристапите за да видите каде згрешивте.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg