Љубовен хороскоп за ноември 2018: Јарците ќе имаат незрели додворувачи, Близнаците нова врска

Дали во мрачните ноемвриски денови нема да сакате да се откажете од партнерот по ниту една цена или само ќе сакате да бидете сингл и концентрирани на себеси?

ljuboven-horoskop-za-noemvri-2018-jarcite-kje-imaat-nezreli-dodvoruvachi-bliznacite-nova-vrska-01.jpg

Дали се вљубувате во партнерот одново и одново секој нареден ден? Или пак бегате од него кога животните бури ќе надојдат?

Дали сте вистински посветени на љубовната врска или на ум оваа есен ви е само забава и средби без обврски?

Што ве очекува во ноември според хороскопскиот знак, дознајте во продолжение:

Овен

Ако сте во врска:

Ќе бидете полни со идеи како да минувате забавни мигови со партнерот. Тој со полно срце ќе ви ги прифаќа предлозите и ќе ви се подобри динамиката во врската. На внимателен начин ќе пристапите и партнерот емотивно ќе ви се отвори по подолг период на повлеченост. Бурните реакции може да ви донесат несогласувања.

Ако сте слободни:

Ќе имате неочекувана средба со личност со која сте имале авантура во минатото и нема да останете рамнодушни. Ќе се обидете да ја обновите врската, но тоа само на почетокот ќе ви изгледа како правилна одлука. Ќе сфатите дека проблемите од минатото повторно испливуваат на површината. Љубопитноста ќе ве натера да запловите во уште една авантура.

Бик

Ако сте во врска:

Конечно ќе ја усогласите енергијата со онаа на партнерот и ќе ја разбудите страста во врската, која некое време беше подзаспана. Интимните мигови, како и иницијативата предадена во рацете на партнерот, ќе направат да се почувствувате препородено. Комуникацијата со него може на моменти да стане тешка поради неговата пречувствителност, па да дојде до мали кавги.

Ако сте слободни:

Ќе ви годи вниманието од личност со која се познавате само површно, а која често се појавува заедно со вашите пријатели. Ќе посакате нешто повеќе, а потоа и навистина ќе се разгори страст меѓу вас. Но, емотивната исполнетост ќе трае кратко и на сцена ќе стапат испадите на љубомора и несогласувањата. Уживајте во авантурата додека трае.

Близнаци

Ако сте во врска:

Чувството на оптимизам и ненадејна мотивација ќе ви ја подобри врската. Ќе сакате да минувате што повеќе време со саканата личност и ќе планирате заеднички патувања. Малите несогласувања ќе ги решите брзо со топлината која ја давате во врската и со слатките изненадувања кои со задоволство ќе ги приготвувате за партнерот.

Ако сте слободни:

Повеќе личности ќе ви го привлечат вниманието и многу лесно може да се заљубите. Ќе правите директни чекори и со ведриот дух и авантуристичкиот пристап ќе го освоите срцето на личноста што ви се допаѓа. Ќе се вљубите во нечија интелигенција и комуникативност. Ве очекува нова, успешна врска.

Рак

Ако сте во врска:

Ќе имате време конечно да поработите на тоа кое долго време влијае негативно врз вашата врска. Партнерот ќе биде подготвен да ве ислуша и да ги поправи своите грешки, но важно е и самите да видите на кој начин придонесувате за тешкотиите во односот. Ќе успеете да се стабилизирате, а партнерот ќе ви даде комплетна поддршка за вашите подвизи на поле кариера.

Ако сте слободни:

Почетокот на ноември ќе ви донесе минливи разочарувања. Личноста што ви се допаѓа ќе почне врска со друг. Ќе бидете малку повлечени и меланхолични, но тоа изненадувачки магнетски ќе делува на околината. Во неврзани разговори со една личност ќе сфатите дека таа има огромни квалитети и сè поголемата блискост ќе се претвори во врска.

Лав

Ако сте во врска:

Од театарски претстави до концерти, ќе имате набиена агенда на социјални настани со вашиот партнер. Забавата ќе се врати во вашата врска, а со тоа и страста. Малите недоразбирања околу финансиите нема да ви го расипат односот, затоа што сè ќе средите со помош на еден детален разговор. Стабилноста и есенската идила ќе направат да сфатите колку всушност се сакате.

Ако сте слободни:

Имате засилена потреба да излегувате и да се забавувате. Го изгубивте трпението чекајќи сериозна врска со личност која ќе ги исполни сите ваши очекувања. Од што сте толку преморени од потрагата, дури ќе бидете во искушение да влезете во авантура со некој што не е слободен. Тајната врска ќе ви изгледа примамливо, но ќе ви донесе само болка. Некој од пријателите ве гледа со очи полни љубов, дадете си шанса.

Девица

Ако сте во врска:

Времето ќе го минувате посветени на домот и семејството и тоа ќе го израдува вашиот партнер. Исто така, ќе му давате комплетна поддршка во сите негови подвизи и ќе ви биде многу благодарен. Сепак, сакајќи да ја наметнете својата волја за некои значајни прашања ќе предизвикате големи конфликти. Мора да ја подобрите комуникацијата.

Ако сте слободни:

По природа сте пасивни и потребно ви е време за да започнете дијалог, но месецов како ретко кога ќе преземете иницијатива. Аналитичноста ќе ја замените со водење од емоциите и сите ќе ги заразите со позитивност. Тоа ќе ви овозможи кон себе да привлечете и личност која ќе одговара на вашите потреби за љубов. Ви претстои нова убава врска.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg