Љубовен хороскоп за декември 2018: Лавовите ќе имаат кратка интимна авантура, Биковите ќе се вратат на бившите

Декември за многумина е омилен месец исполнет со празнична, зимска магија, но дали и во љубовта ве очекува магична атмосфера?

ljuboven-horoskop-za-dekemvri-2018-lavovite-kje-imaat-kratka-intimna-avantura-bikovite-kje-se-vratat-na-bivshite-01.jpg

Каков ќе биде вашиот љубовен во декември и што ќе ви донесе овој зимски месец, зависно од тоа дали сте сингл или во врска?

За некој, магијата ќе владее и на љубовно поле, а други може да поминуваат низ мали турбуленции.

Погледнете што ве очекува според хороскопот:

Овен

Ако сте во врска:

Очекувајте изненадни несогласувања со партнерот кои може да доведат до сериозни конфликти. Избегнувајте неискреност по секоја цена, бидејќи може да ве доведе во лоша ситуација. Ќе ви биде потребно многу трпение и компромис за да ги решите тешкотиите. Втората половина на месецот ќе ви донесе стабилност, благодарение на романтичните и интимни моменти.

Ако сте слободни:

Во почетокот на месецот може да запознаете личност која ќе ви ги разбуди страстите и со која за кратко време ќе развиете интимен однос. Постои опасност отпосле да дознаете дека личноста е во врска и единствена опција да ви е тајно гледање. Ќе бидете приврзани за личноста и може да прифатите, а кон крајот на месецот очекувајте минливи несогласувања.

Бик

Ако сте во врска:

Ќе водите почесто разговори со партнерот во врска со несогласувањата во претходниот период. Ќе ви се зајакнат страстите, но може да почнете да чувствувате љубомора. Имате потреба од доминација, а кон крајот на месецот може да успеете да се нагодите на некое романтично патување. Ќе му пружите повеќе поддршка на партнерот и ќе бидете подготвени на исполнување желби.

Ако сте слободни:

Декември ќе ви донесе средба со личност со која во минатото сте биле во некаква врска. Ќе почнете да се гледате со поранешната љубов и ќе разговарате за сè што сте поминале откако сте завршиле. Ќе сфатите дека неискуството во минатото си го направило своето и ќе одлучите да си дадете уште една шанса. Постои можност овој пат да биде успешно.

Близнаци

Ако сте во врска:

Добро ќе ви оди на љубовно поле и ќе поминувате низ мали несогласувања кои може лесно да се решат. Разговарајте повеќе за она што го сакате двајцата за да ги разрешите дилемите и да нема недоразбирања. Внимавајте да не западнете во замка со наметнување доминација еден на друг и посветете се на заеднички интереси. Во втората половина ќе ги зачестите излегувањата на необични и романтични места што ќе го подобри квалитетот на врската.

Ако сте слободни:

Ќе запознаете личност која ќе ве привлече со својата таинственост, мистериозност и интриги. Може да се однесува малку љубоморно и нападно кога сте вие во прашање, а во обид да дознаете што сака од вас, може да дојде до интимни односи сосема спонтано. Очекувајте бурна авантура, која може да прерасне во емотивна врска.

Рак

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот можно е да дојде до одредени конфликти со саканата личност, заради вашето често отсуство и дружење со пријателите, заради што ќе треба да направите договор. Потребни ви се промени во врската, па обидете се на поинаков начин да пристапите на врската. Во втората половина ќе има поголема стабилност во врската и ќе ги зајакнете интимните моменти. Најдете начин како да го поминувате заедничкото време.

Ако сте слободни:

Ќе сфатите дека личноста со која сте биле во авантура не е вредна за врска, бидејќи со неа немате иднина и задоволство. Ќе имате повеќе понуди да се впуштите во тајна врска, што ќе ви донесе дополнително разочарување, бидејќи барате нешто постабилно и мирно. Во втората половина на месецот ќе запознаете личност со која ќе си најдете многу заедничко и наскоро може да започнете врска.

Лав

Ако сте во врска:

Нема да се согласувате многу со партнерот и ќе имате проблеми со комуникацијата. Ќе заземате спротивни ставови за заедничките планови, а на партнерот ќе му биде потребна поголема слобода, заради што ќе почувствувате заладување на односите. Неопходно е да бидете отворени и да најдете заеднички прифатливо решение. Во втората половина може да најдете заеднички интереси и да внесете свежина во односот.

Ако сте слободни:

Имате силна потреба да останете слободни и да не влегувате во сериозни врски, но ни во авантури. Потребен ви е квалитетен партнер, кој не сте го пронашле и не сакате да ризикувате со површни и несериозни личности за сериозни врски. Може да имате кратка интимна авантура со личност која не е слободна, а кон крајот на месецот ќе запознаете личност која може да биде потенцијална за нешто повеќе и ќе ви привлече внимание.

Девица

Ако сте во врска:

Првите неколку денови од месецот ќе ви помогнат во решавање на несогласувања од претходниот период, а ќе мора да бидете повнимателни и да бирате добро зборови. Во втората половина на месецот ве очекуваа романтични моменти со саканата личност полни со слога и разбирање. Вашата блискост ќе се зајакне и повеќе време ќе поминувате заедно, во што ќе уживате.

Ако сте слободни:

Очекувајте дружење со личност која ќе ви биде многу привлечна, но во одредена мера и недостижна. Ќе ви биде необична и нема да бидете сигурни дали може да ја привлечете. Ќе се изненадите кога ќе сфатите дека сте го постигнале посакуваното и кога заеднички ќе си ги препознаете квалитетите кои ви играат голема улога во изборот на партнер. Брзо ќе најдете заеднички интереси и ќе почнете да се гледате.

Уште 6 знаци на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Годишен хороскоп за 2024: Овен Во 2024-та, Овните ќе имаат можност за значителен напредок на професионално поле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg