Хороскоп во една реченица - Што да очекува секој знак од 2019-та?

horoskop-vo-edna-recenica-sto-da-ocekuva-sekoj-znak-od-2019-ta-02.jpg

Вага

Како знак кој сака да им угодува на другите, но и себеси, ќе сфатите дека понекогаш сепак треба да застанете цврсто на земја и да припазите на финансиите, бидејќи пренапорно работите за да се расфрлате со парите како да се ништо.

Скорпија

Полесно ќе го совладувате вашиот жесток темперамент и ќе бидете пообѕирни кон другите, откривајќи дека не сите луѓе се силни како вас, па не би сакале со своите импулсивни реакции да повредите некој за кого навистина се грижите.

Стрелец

Имате остар ум и сте директна личност, но сепак оваа година ќе биде воздржани и повеќе ќе внимавате на она што го кажувате, за вашите искрени коментари да не повредат сакани личности.

Јарец

Повеќе ќе се смеете и забавувате, кога ќе сфатите дека животот го сфаќате пресериозно, заради што досега низ годините сте биле тажни и молчаливи, кога другите биле полни со радост.

Водолија

Секогаш знаете да го дадете правилниот совет на другите, но досега ви било тешко да примите сугестија, што ќе се промени во 2019-та година и ќе ви донесе поголема емпатија, споделувајќи ги своите болки и разочарувања со блиските.

Риби

Заради вашата добронамерна природа, луѓето често знаат да ве искористат, но во 2019-та ќе научите повеќе да ѝ верувате на интуицијата, која ќе ве предупреди дека во светот постојат луѓе кои едноставно треба да ги избегнувате.

М. Д. | Црнобело / Фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Кармичката лекција што треба да ја научите во овој живот, според хороскопскиот знак Ваги, вие сте неодлучни – можете бескрајно да дискутирате за предностите и недос...
Пораката што треба да ја слушнете од вашата помлада верзија, според астрологијата Рак – Можете да се грижите за другите без да ги мешате вашите емоции. Туѓата бол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg