Љубовен хороскоп за јануари 2019: Биковите ќе имаат понуда за трајна врска, Јарците лесно ќе се заљубуваат

ljuboven-horoskop-za-januari-2019-bikovite-ke-imaat-ponuda-za-trajna-vrska-jarcite-lesno-ke-se-zaljubuvaat-002.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Во јануари ќе ја препуштите иницијативата во рацете на партнерот и тоа ќе ви одговара. Јануари е одличен и за будење на страстите во врската и зајакнување на интимноста. Предлозите на партнерот ќе ги прифаќате со големо воодушевување и работите ќе течат совршено.

Бидете внимателни само кон крајот на месецот, кога се можни несогласувањата помеѓу вас, партнерот и членовите од семејството. Не заземајте тврдокорни ставови, за да избегнете големи поделби и расправии. Тензиите ќе попуштат до крајот на месецот, но мора да имате трпение.

Ако сте слободни:

На почетокот на месецот ќе имате голема доза на ентузијазам, ќе бидете одлично расположени и полни со енергија, што ќе ви донесе шанса за возбудливи, но краткотрајни авантури. Кон средината на јануари може да се разочарате со тоа што ќе сфатите дека кај некоја личност немате шанси.

Стрпете се до крајот на месецот, кога ќе се појави личност која отворено ќе ви ги покаже нејзините симпатии. Не се повлекувајте и дајте си шанса за да ја откриете љубовната среќа.

Скорпија

Ако сте во врска:

Ќе запознаете позитивни страни кои досега не сте ги забележувале во вашата врска и тоа ќе ви донесе ентузијазам и на вас и на партнерот. Почесто иницирајте заеднички активности, ако сакате да ја сочувате хармонијата и близината.

Во втората половина од јануари може да очекувате многу страсти, интимност и зајакната комуникација. Ова е поволен период за подарување и исполнување на желбите на саканата личност. Вашата врска значително ќе се зацврсти овој месец.

Ако сте слободни:

На почетокот од јануари ќе запознаете човек кој ќе ви го привлече вниманието со физичкиот изглед, но без некои посебни квалитети. Ќе дадете се од себе за да се доближите, што ќе ви успее дури кон втората половина од месецот.

Набрзо ќе сфатите дека немате многу заеднички интереси и подобро е да пресечете на време. Крајот на месецот е поволен период да запознаете личност која ќе ги исполнува вашите критериуми, но не избрзувајте со влегување во непромислени, тајни односи.

Стрелец

Ако сте во врска:

Во првата декада од месецот ќе имате добри идеи како да внесете повеќе забава во односот со партнерот. Повеќе излегувајте и дружете се надвор од дома. Може да испланирате и кратко патување, вашата иницијатива ќе му одговара на партнерот, а и на вашата близина.

Втората половина од јануари ќе ви донесе несогласувања и тешко ќе ви биде да се договорите околу распределбата на домашните обврски. Сериозни потешкотии ќе излезат до несогласувањата како да ги распределите и финансиите. хармонијата ќе се врати кон крајот на месецот, само ако не избрзувате со акциите.

Ако сте слободни:

Јануари ќе биде поволен за влегување во нова емотивна врска. По 7-ми јануари лесно ќе се вљубувате. Ќе запознаете некој кој ќе ви го освои срцето, но набрзо ќе откриете дека имате голема конкуренција и ќе мора да се потрудите.

Среќата ќе биде на ваша страна и до крајот на месецот големи се шансите да влезете во складна, љубовна врска.

Јарец

Ако сте во врска:

Првата половина на јануари ќе ви донесе љубовна близина, само ако имате поголема волја и подобра организација на времето. Со партнерот ќе забележите каде се разликувате, но тоа не смее да ви создаде грижи.

Во втората половина од месецот избегнувајте тајни од партнерот, посебно ако во нив е вмешана и саканата личност. Не се изложувајте и на семејни тензии кои можат да ви го нарушат спокојот во врската. За среќа, третата декада ќе биде посветена на интимноста во љубовта.

Ако сте слободни:

Јануари ќе ви пружи шанса да ги наполните емоционалните батерии. Ќе запознаете личност со која веднаш меѓусебно ќе се привлечете и брзо ќе влезете во интимни и блиски односи.

Во втората половина од месецот ќе сфатите дека сте влегле во паралелна врска, односно дека потенцијалниот партнер е веќе во љубовна врска. Не се обидувајте по секоја цена да бидете во центар на вниманието и подобро е на време да излезете од љубовниот триаголник.

Водолија

Ако сте во врска:

Овој месец ќе мора да ги прифатите работите кои не ви се допаѓаат кај партнерот и неговото семејство, доколку одлучите дека љубовта вреди. Изградете поголема меѓусебна доверба и почит. Ќе бидете сложни околу заедничките цели и тоа ќе ви донесе позитивни моменти.

За среќа, втората половина од јануари ќе ви донесе поголеми страсти и по 21-ви јануари ќе забележите поголеми иницијативи од страна на партнерот, кој ќе планира како да поминете повеќе време заедно. Очекувајте безгрижност.

Ако сте слободни:

На почетокот на јануари ќе запознаете некој кој ќе ви се допаѓа, но ќе решите да се држите на дистанца. Најпаметно е да не се впуштате во никакви авантури до средината на месецот.

Дури кон крајот на месецот, односно во третата декада, ќе ви се пружи шанса за емотивно врзување, но повторно ќе се двоумите помеѓу две личности. Одбирајте долготрајни квалитети, а не физички. Јануари ќе го завршите заљубени „до уши.“

Риби

Ако сте во врска:

Јануари ќе биде одличен за повеќе дружење и посетување културни манифестации во пар. Задржете ја мотивација и иницијативата, партнерот двојно повеќе ќе ви врати. До 14-ти јануари владее интимна атмосфера во која физички ќе се поврзете.

Во текот на цел месец нема да ви бидат потребни зборови за да се разберете – интуитивно ќе знаете што сака партнерот и обратно. 30-ти јануари ќе биде пресуден ден во кој ќе се случи настан кој доживотно ќе ве поврзе.

Ако сте слободни:

Јануари ќе биде поволен месец за да пронајдете партнер со кој ќе може да остварите емотивна поврзаност на долги патеки. Излегувајте често и не одбивајте нови познанства.

На друштвена манифестација ќе запознаете личност која ќе ве маѓепса со добрите идеи, одличното расположение и културниот пристап. На почетокот ќе бидете воздржани, но кон крајот на месецот ќе почнете почесто да се гледате.

М. Д. | Црнобело / Фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
4 хороскопски знаци кои ќе ја најдат својата сродна душа подоцна во животот Овни, досега сигурно сте имале неколку лоши врски. Но, не треба да жалите за вре...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg