Љубовен хороскоп за јануари 2019: Биковите ќе имаат понуда за трајна врска, Јарците лесно ќе се заљубуваат

Јануари е месецот кога празничната еуфорија привршува, па настапува еден мал период на меланхолија и монотонија.

ljuboven-horoskop-za-januari-2019-001.jpg

Но, дали истата монотонија ќе владее и на поле љубов? Дали празниците ќе ви ги зацврстат или разнишаат односите со саканата личност? Или можеби ќе ве вратат во рацете на некој од порано?

Љубовниот хороскоп ви открива:

Овен

Ако сте во врска:

По 7-ми јануари ќе имате можности за кратки патувања во пар, што дополнително ќе ви ги затопли односите со партнерот и ќе ви овозможи да посветите повеќе време еден на друг. Во текот на првата половина од месецот на партнерот пружете му поголема поддршка.

Во втората половина, избегнувајте било какви тајни, бидејќи тие може предизвикаат бурни кавги, па дури и разделби. До крајот на месецот ќе биде од исклучителна важност да ги ускладите мислите и емоциите.

Ако сте слободни:

Во првата декада на блиско патување ќе запознаете личност која ќе ве привлече со нејзините интереси и необичната животна филозофија. Иако на почетокот ќе се двоумите, останете во контакт.

Без оглед на различностите, третата декада на јануари е поволна за почеток на љубовна врска. Не се плашете да правите повеќе планови за заедничката љубовна иднина.

Бик

Ако сте во врска:

Почетокот на јануари ќе ви донесе шанси да поминете повеќе време со саканата личност и да уживате во интимноста на врската. Ќе се соочите со краткотрајни несогласувања и напнатост заради премолчувања и криење на некои информации, но тоа не смее да предизвика сомнежи кога се работи за верноста.

Кон крајот на јануари очекувајте поголема динамика и страст, што ќе ве мотивира повеќе да се потрудите и да бидете поотворени еден кон друг.

Ако сте слободни:

Почетокот на јануари ќе ви донесе средба со личност која ќе ве привлече со нејзината енергија. Ќе добиете понуда за тајна врска, за која нема да размислувате многу и ќе ја прифатите. Бидете внимателни, бидејќи кон крајот на месецот ќе бидете на работ врската да биде откриена.

Можни се и средби со поранешни партнери со кои поради издржани причини односите се заладиле. Во текот на јануари овие односи може да се затоплат.

Близнаци

Ако сте во врска:

Ќе имате креативни идеи како да го подобрите односот со партнерот и како да поминувате поквалитетно време заедно. И двајцата ќе се заинтересирате за нешто ново во што заедно ќе уживате. Ќе имате повеќе иницијатива и конструктивни разговори, ќе пружате повеќе искрени емоции, нежност и внимание.

Втората половина од месецот ќе ви донесе мали несогласувања додека се движите кон заедничките цели. Партнерот нема да ги поддржува вашите предлози, но важно е да не реагирате бурно и емотивно.

Ако сте слободни:

На почетокот на јануари ќе запознаете нова личност со која ќе почнете да се гледате. Но, трета личност ќе замеша прсти и ќе се обиде да ве придобие, што ќе ви создаде несогласувања во претходната релација.

До крајот на месецот ќе се освестите точно кој и зошто ви ги направил тие сплетки и ќе влезете во нова врска во која ќе владее хармонија.

Рак

Ако сте во врска:

Вашиот однос ќе влезе во постабилна фаза на почетокот на месецот, па и двајцата ќе бидете насочени кон едни исти цели. Малите несогласувања ќе успеете да ги решите само ако не ви се замешаат трети личности.

Втората половина ќе ви донесе сериозни несогласувања. И двајцата ќе бидете непопустливи и поради тоа компромисот ќе биде најдобро решение, ако сакате да ја зачувате врската. Краткото патување на само може да ви ги олесни затегнатите односи.

Ако сте слободни:

Почетокот на месецот ќе ви донесе средба со амбициозна личност која ќе ви се допадне поради цврстиот карактер. Можен е краткотраен натпревар кој само ќе создаде сексуална тензија помеѓу вас и токму поради тоа ќе уживате до крајот на месецот.

Можни се и деловни познанства кои може да ви го променат статусот и да преминат во емотивни, но тоа ќе зависи исклучиво од вас и вашата одлука дали ќе бидете отворени за дискусии.

Лав

Ако сте во врска:

Јануари ќе ви биде поволен за планирање на заеднички цели во иднина. Потребно е да разговарате со саканата личност за она што ви пречи за да можете да воведете промени кои долго време ги посакувате. Потрудете се да внесете и забава и смеа повремено.

Од 21-ви јануари ќе започнат тензии во комуникацијата, поради тоа што ќе имате потреба за доминација. Третата декада од месецот треба да ја посветите на ублажување на кавгите и подарување на поголемо внимание на потребите на партнерот.

Ако сте слободни:

Потребен ви е партнер кој ќе ги дели вашите интереси во животот и ќе може да планирате заеднички активности. Барате стабилна, амбициозна и практична личност. На еден деловен состанок во јануари ќе запознаете лице кое приближно одговара на критериумите.

Кон крајот на месецот, ќе почнете врска и ќе се гледате исклучиво приватно, надвор од работните обврски.

Девица

Ако сте во врска:

Почетокот на јануари ќе биде во знак на забавата и во љубовната врска ќе внесете поголема романтика и близина. Ќе имате добро претчувство што му треба на партнерот и ќе му излезете во пресрет. Ова ќе ви помогне да остварите поголема близина.

Во втората половина на месецот ќе дојде до краткотрајно заладување на односите, бидејќи нема да комуницирате доволно јасно, а вие ќе почнете и да се сомневате во искреноста на партнерот. Подобро прашајте отколку да претпоставувате.

Ако сте слободни:

На почетокот на месецот ќе запознаете лице поинакво од оние ко инаку ве привлелуваат, но ќе бидете неверојатно привлечени од квалитетите, а не физичкиот изглед. Ќе се препуштите на спонтаните разговори и ќе откриете дека имате многу заеднички нешта.

И двајцата ќе бидете пријатно изненадени и ќе продолжите да се гледате. Не се согласувајте на тајна врска.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg