Љубовен хороскоп за февруари 2019: Биковите ќе имаат конфликти во врската, Вагите - забавен додворувач

ljuboven-horoskop-za-fevruari-2019-bikovite-kje-imaat-konflikti-vo-vrskata-vagite-zabaven-dodvoruvach-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Февруари ви носи сериозни несогласувања со партнерот. Ќе бидете вознемирени и често ќе отсуствувате од дома, нема да имате време за вашата втора половина. Нема да најдете заеднички јазик ниту за обврските околу домот.

Проблемите ќе ги решите само ако сериозно се заангажирате. Фокусирајте се на големата слика и намалете со притисоците врз партнерот. Вашата иницијатива ќе ја подобри врската.

Ако сте слободни:

На некоја забава припадник на спротивниот пол ќе ве привлече со гласот и интересните приказни. Брзо ќе сфатите дека делите слични интереси.

Ќе ви се допадне начинот на кој новата симпатија ги покажува емоциите кон вас во јавност. Дополнително ќе ве привлечат и интелигенцијата и смислата за хумор со кои располага.

Скорпија

Ако сте во врска:

Пред вас ќе се отворат нови видици и со партнерот ќе почнете да поминувате повеќе време заедно, да разговарате отворено за различни теми и да го користите времето за излегувања и забави, како некогаш.

Ќе преземете иницијатива и ќе исполните една голема желба на партнерот, но и тој ќе го стори истото за вас. Фантазијата ќе ви донесе нови незаборавни мигови.

Ако сте слободни:

Ќе забележите дека во ваша близина често се наоѓа личност која се труди да размени по некој збор со вас. Дискретно ви испраќа сигнали дека е заинтересирана за нешто повеќе од површно познанство.

До крајот на месецот ќе сфатите дека ненадејно сте се вљубиле. Конечно ќе земете одмор од кратките авантури и тајните врски и ќе се посветите на некој кој навистина вреди.

Стрелец

Ако сте во врска:

Со вас ќе доминира љубовта месецов и смеата ќе биде дел од вашето секојдневие. Оптимистички ќе бидете настроени двајцата и ќе правите чести прошетки во природа.

Ќе обожавате да минувате мигови со семејството и ќе ги споделувате и најдлабоките мисли и стравови со нив. Во распределбата на домашните обврски ќе направите сериозни промени и ќе имате повеќе време за себе.

Ако сте слободни:

На почетокот од месецот ќе доживеете неуспех во обидот да ја привлечете личноста што ви се допаѓа и тоа ќе ви донесе разочарување. Но, потоа ќе дојде средба со некоја забавна личност со слободен дух со која нема да можете да се одделите.

Ќе се разбирате без проблем и ќе обожавате да го минувате времето заедно. Бидете трпеливи и тактични затоа што нова врска е на видикот.

Јарец

Ако сте во врска:

Ќе имате мали конфликтни ситуации со партнерот поради различните желби за одредени прашања. Мора емотивно да се отворите кон него ако сакате смирување на тензијата.

Потребно ви е некое време во емоционална изолираност за да сфатите дали навистина сакате оваа врска да има иднина. Сега е вистинското време за да си го поставите тоа прашање.

Ако сте слободни:

Преку некој близок пријател ќе запознаете личност која ќе успее да ве освои на прв поглед. Периодот на осаменост ќе остане зад вас.

Одлично би било да соберете храброст да го направите првиот чекор, но и да споменете планови за иднината. Доволно долго чекавте другите да го прават тоа за вас.

Водолија

Ако сте во врска:

Ќе имате хармоничен однос со партнерот и многу конструктивни разговори за иднината. Еден на друг ќе си бидете приоритет и ќе си посветувате многу време.

Врската ќе ви премине на едно посериозно ниво, а двајцата со задоволство ќе правите планови за заедничката иднина. Убавите прогнози ќе ви се остварат.

Ако сте слободни:

Ќе имате повеќе од една шанса да влезете во емотивна врска, но не брзајте. Прво запознајте ги подобро потенцијалните кандидати.

Дадете сигнали само тогаш кога ќе бидете сигурни дека личноста која ве привлекла има нешто повеќе од само физичка убавина. Тоа е пресудно за крајот на месецот да ви биде среќен.

Шармот ќе ви отвори многу врати периодов.

Риби

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе се согласувате совршено затоа што заедно ќе се стремите кон иста цел. Ќе внесете новини во врската и тоа малку ќе ја разбуди заспаната страст.

Заедно ќе купите нешто значајно и тоа говори за вашата сигурна заедничка иднина. Внимавајте само со некој флерт на работното место да не ја уништите довербата, која долго ја градевте.

Ако сте слободни:

Ви претстојат многу забави и излегувања со друштвото. Ќе запознаете многу луѓе, но нема потреба да се трудите по секоја цена да започнувате врска.

Задоволете се со пријателски однос со личноста со која разговорите ви одат лесно, а ако треба да биде нешто повеќе само ќе си дојде. До крајот на месецот работите сами ќе тргнат во вистинската насока.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...
4 хороскопски знаци кои ќе ја најдат својата сродна душа подоцна во животот Овни, досега сигурно сте имале неколку лоши врски. Но, не треба да жалите за вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg