Љубовен хороскоп за февруари 2019: Биковите ќе имаат конфликти во врската, Вагите - забавен додворувач

Февруари – месец на Денот на вљубените, на убава енергија и на нови љубовни доживувања. Што им носи на хороскопските знаци?

ljuboven-horoskop-za-fevruari-2019-bikovite-kje-imaat-konflikti-vo-vrskata-vagite-zabaven-dodvoruvach-01.jpg

Кој хороскопски знак го чека нова љубов, кој ќе губи време на додворувач кој нема сериозни намери, а кој ќе си ја зацврсти врската?

За кого работите ќе се придвижат од мртва точка, а за кого зимската меланхолија ќе продолжи?

Љубовниот хороскоп за месец февруари ви открива:

Овен

Ако сте во врска:

Ќе имате нови идеи како да го подобрите односот со партнерот. Со заеднички сили ќе работите на постигнување на вашите планови и цели и тоа ќе ве зближи.

Зајакнатата емотивна поврзаност ќе ви донесе нови романтични мигови. Ќе успеете комплетно да се приспособите еден на друг и нови убави работи ќе стапат на сцената.

Ако сте слободни:

Во првата половина од месецот ќе имате потреба од сериозна врска. Ќе ви биде малку чудно што полека ви поминува потребата од кратки љубовни авантури.

Кон средината на месецот ќе запознаете личност која ќе ви изгледа како реализација на сите ваши соништа. Можна е нова врска со одлична комуникација. Запознавање на нова интересна личност е можно и преку работа. Ќе сфатите дека имате многу заеднички интереси.

Бик

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе имате сериозни несогласувања и конфликти. Партнерот ќе дознае дека криевте нешто од него и таа тајна може да го растресе вашиот однос. Ќе успеете да ги ублажите последиците само ако му ја кажете целата вистина.

Односот на доверба вратете го со разговори на важни теми и со заеднички дружби со пријателите. Кон крајот на месецот ќе остварите некој ваш сон.

Ако сте слободни:

Ќе ви одговараат краткотрајните авантури во првата половина од месецот. Ниту една личност од вашата околина нема да ве заинтересира доволно. Околу Денот на вљубените ќе ви се случи љубов на прв поглед.

Преку некој ваш пријател или роднина ќе запознаете некој со кој ќе започнете емотивна врска, што ќе ве прероди. Можно е да станува збор за постара и посериозна личност, со која ќе имате стабилност како со никој претходно.

Близнаци

Ако сте во врска:

Ќе имате значајни разговори со саканата личност и квалитетно ќе го минувате времето заедно. Страста еден за друг ќе биде разгорена, а вашиот партнер ќе биде воодушевен од ова. Вие ќе му бидете онаа позитивна безрезервна поддршка која му е потребна за да полета.

Можно е некое заедничко патување, од кое ќе имате само добри спомени. Најдете некое заедничко ново хоби за да ја задржите динамиката на врската.

Ако сте слободни:

Ќе бидете полни со оптимизам во потрагата по личноста што ќе ви одговара за емотивна врска. Нешто што на почетокот ќе изгледа само како еротика и страст во вас ќе разбуди многу посериозни емоции.

Можно е влегување во нова врска. Ќе имате шанса што се случува еднаш во животот и не смеете да ја пропуштите. Станува збор за љубов на долги патеки. Ќе бидете магнетски привлечни за оваа личност.

Рак

Ако сте во врска:

Можни се сериозни несогласувања со партнерот околу иднината. Но, главната причина всушност ќе биде вашиот недостиг од потреба за партнерот. Ќе почнете за сè да се грижите самите.

Можно е да флертувате со некоја личност од работното место, но на крајот од денот ќе сфатите дека сте сигурни покрај кого сакате да се будите. Организирајте некој љубовен состанок и кратко патување за да покажете дека имате емоции.

Ако сте слободни:

Ќе имате ненадејна средба со личност што ќе ве воодушеви како со изгледот, така и со квалитетот на карактерот. Потоа нема да можете да престанете да мислите на неа, а ќе успеете да остварите и поблизок контакт.

Некои Ракови ќе успеат да ѝ се приближат на личноста од која се срамат веќе подолго време. Полека ќе се отворите еден кон друг и ќе се зближите.

Лав

Ако сте во врска:

Помеѓу вас и вашата сакана личност ќе започне пријатна комуникација. Ќе имате многу заеднички теми за разговор и заедно ќе откриете нови места за излегување.

Заедничките дружби со пријателите ќе внесат нова енергија во вашето секојдневие. Работата ќе ја ставите во втор план за сметка на љубовта. За околината ќе бидете пример за хармоничен пар.

Ако сте слободни:

Ќе трагате по нова и возбудлива личност, која се истакнува по нешто посебно. Ви здодеаја стереотипите и сите тие здодевни и предвидливи луѓе.

Кон средината на месецот ќе запознаете личност која ги задоволува вашите критериуми. Но, за жал, ќе сфатите дека таа личност не можете да ја врзете во сериозна врска. Има премногу независен и немирен дух. Ќе треба да вложите многу енергија и труд за да изградите квалитетен однос со неа.

Вашите способности за заведување повеќе пати ќе бидат ставени на тест месецов.

Девица

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе имате пријатни разговори полни со оптимизам и планови за заеднички цели. Ќе соберете храброст да му го предложите на партнерот тоа што сметате дека ви недостига во животот.

Подготвени сте да го исполните даденото ветување. Ќе имате потреба од нежност и прегратки и партнерот уште еднаш ќе се покаже како вашата најголема поддршка во една кризна ситуација.

Ако сте слободни:

Ќе бидете многу пребирливи, но токму тоа ќе ви овозможи да остварите контакт со личност која ги задоволува вашите критериуми.

Само внимавајте вашата вродена ситничавост да не остави негативен впечаток врз вашиот избраник. Добро би било јасно да му посочите дека сте вљубени во него.

Можно е да добиете шанса што се случува само еднаш во животот, па добро обрнете внимание на случајните средби и спонтаните разговори. Зближувањето со некоја личност ќе оди неверојатно лесно.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg