На Рибите не им е возвратена љубовта, Скорпиите ги знаат сите мрачни тајни - Како е да си „во кожата“ на знаците?

Вага – Длабоко во себе веруваш дека луѓето ќе се однесуваат кон тебе онака како што ти се однесуваш кон нив. Твоето пријателство и дарежливоста најчесто се искористуваат и остануваш изигран, прелажан. Сепак, никогаш не ја губиш вербата дека „Сè се враќа, сè се плаќа“.

Скорпија – Ги знаеш сите најдлабоки и најмрачни тајни на луѓето околу тебе, а кога ќе те изневерат или ненадејно ќе те откачат, знаеш дека е време да им вратиш „мило за драго“ и да ги повредиш онака како што тие те повредија тебе. Само што знаеш дека најлошото нешто во животот е да бидеш предавник.

Стрелец – Ја имаш моќта да забележиш колку се ужасни луѓето околу тебе додека сите други замижуваат, но сепак немаш моќ да направиш ништо да го смениш тоа. Понекогаш ти се случува да не успееш да ја завршиш задачата што може да ја направи и првоодделенец. Ги мразиш работите кои се во тренд.

Јарец – Остануваш буден до длабоко во ноќта со цел да ја завршиш задачата која ви беше доделена како на група. Останатите одамна се заминати дома, спијат или пак се забавуваат некаде. Утредента, најблискиот пријател од групата си ја презема целата заслуга за сработеното. Друга група ја украла твојата идеја.

Водолија – Луѓето постојано те преиспитуваат околу некои работи. „Дали си сигурен?“ „Имаш ли идеја што правиш во животот?“ Имаш чувство дека постојано мора да се правдаш некому. Ова ти се случува затоа што чекориш самостојно, своеглаво и одбиваш да ја следиш толпата. Надвор си од сите правила и шаблони на однесување.

Риби – Ти се чини дека твојата судбина е постојано да си вљубен во некого кој ни одблиску не ти ја возвраќа љубовта и не те заслужува. Фантазираш со часови, со денови и месеци за некој/а кој воопшто не знае да постоиш. Се гушиш во сопствените солзи и се прашуваш што не е во ред со тебе и кога ќе пронајдеш љубов.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg