На Рибите не им е возвратена љубовта, Скорпиите ги знаат сите мрачни тајни - Како е да си „во кожата“ на знаците?

Покрај општите познавања поврзани со знаците во зодијакот – Бикот е хедонист кој ужива во убава храна, Девицата е прагматична и педантна, Лавот е горделив и арогантен, а Скорпијата злобна и одмаздољубива, сепак постојат уште толку многу работи со кои се одликуваат знаците.

Kako-e-da-si-vo-kozata-na-znacite-01.jpg

Но, овие карактеристики најчесто се занемаруваат при опишувањето на истите. Како на пример, фактот дека Стрелецот е еден од ретките кој умее да ги препознае ужасните луѓе околу него, но е потполно немоќен да смени нешто.

Како е да се биде „во кожата“ на знаците според астрологијата?

Овен – Роденден ти е, и сè што сакаш е да одиш во новиот забавен парк што се отвори пред некој ден. Само што никој не сака да ти прави друштво. Завршуваш сам во паб и испиваш малку повеќе отколку што треба. Никој нема околу тебе додека повраќаш во тоалетот да ти ја држи главата наназад.

Бик – Го сакаш братот / сестрата од срце и би го дал животот за него/неа. Поради некоја причина тој или таа не ти верува и ова потајно те прави многу тажен. Сакаш да се дружите почесто, но тој/таа постојано има некаков изговор.

Близнаци – Твоите пријатели те претставуваат пред другите луѓе како зборлест, комуникативен и по малку здодевен, дури и кога не зборуваш неколку денови едно по друго. Понекогаш луѓето ти се обраќаат со зборовите „Те молам не ме прекинувај додека зборувам“, дури и доколку само се накашлаш.

Рак – Сè што посакуваш е сите околу тебе да се согласуваат едни со други. Особено те боли фактот што твоите пријатели го мразат твоето момче/девојка и обратно. На крајот, двете страни те тераат да избереш, а ти едноставно не можеш да го сториш тоа. Остануваш најчесто сам и длабоко повреден.

Лав – Ја носиш твојата омилена комбинација, шминката и косата ти се совршени и штотуку постигна огромен успех на работното место. Но, се чини дека никој не го забележува тоа, никој не ти честита, ниту пак им е гајле за тебе.

Девица – Имаш чувство дека луѓето постојано ги тестираат твоите граници и твоето трпение, бидејќи знаат дека само ќе превртиш со очите и ќе ја напуштиш битката бидејќи живееш според мотото „Паметниот попушта“. Сепак, не знаат каков ѓавол се крие длабоко во тебе кога ќе експлодираш и кога ќе се потроши твоето трпение.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg