Дарежливи, талентирани, филозофи - 8 квалитети на луѓето родени во март

Пролетта е речиси на прагот, можеме да го почувствуваме нејзиното долго очекувано доаѓање. За пролетните деца се вели дека што и да засадат во земја ќе израсне и расцвета.

darezlivi-talentirani-filozofi-8-kvaliteti-na-lugjeto-rodeni-vo-mart-01.jpg

Настрана од ова народно верување, какви квалитети имаат луѓето родени во, според многумина, најубавиот месец во годината–март?

Интуитивни се

Практично е невозможно да ги прелажете луѓето родени во месецот март. Тие може да ја намирисаат секоја лажна и подмолна игра која се креира против нив. Умеат да бидат навистина силни и лути непријатели. Интуицијата е дефинитивно една од нивните посилни страни.

Дарежливи

Емпатични се, дарежливи и имаат големо и милосрдно срце. Со помошта на својата дарежливост лесно ги освојуваат симпатиите на сите околу нив. Секогаш се подготвени да помогнат некому и да волонтираат онаму каде што е потребно.

Посветени се

Луѓето родени во март исклучително ретко ги изневеруваат пријателите и партнерите. Тие се многу посветени и остануваат покрај својата љубов дури и кога е најтешко. Намерно ги одбегнуваат луѓето кои мислат дека неверството не е крајот на светот и не сакаат да се дружат со нив.

Се држат до сопствените принципи и јасно им кажуваат на партнерите што сакаат и што очекуваат од врската.

Преферираат тишина

Мартовските деца се обидуваат да го избегнат метежот и бучавата од секојдневието, па најчесто ќе ги најдете засолнети и потскриени на некое тивко место каде што мируваат сами со своите мисли.

Се држат подалеку од турканици и големи толпи и радо би одбрале мир и тишина отколку слава и богатство. Секако, не сите луѓе родени во март се срамежливи и интровертни, но поголемиот дел од нив се токму такви.

Добри филозофи

Може да поминат добар дел од денот во размислување за (не)среќата во нивните животи, но и за останатите околу нив. Ова анализирање во сопствената глава најчесто им помага да пронајдат вистинска среќа и да уживаат во својот живот.

Единствениот недостаток е кога премногу ги анализираат грешките од минатото. Тогаш ги совладуваат емоциите и солзите и се повлекуваат во себеси и сопствената тага.

Талентирани се

Особено се надарени за уметност. Обожаваат музика и сликање. Дури и оние кои тврдат дека се занимаваат аматерски со сликарство покажуваат исклучителен талент на хартија и платно.

Големи ентузијасти

Родените во март се весели и насмеани луѓе кои едноставно го сакаат животот. Нивниот ентузијазам е заразен, па луѓето во нивната близина автоматски се насмевнуваат покрај оние кои слават роденден во март.

Дури и кога е најтешко и најтемно, „мартовците“ на ја симнуваат насмевката од лицето.

Се адаптираат на секоја ситуација

Без разлика дали се на море или планина, во авион или воз, дали надвор е минус 30 или плус 50 степени, можете да бидете сигурни дека лицата родени во март ќе се адаптираат во секоја ситуација.

Тие имаат силен инстинкт за преживување. Токму затоа, најсилните луѓе се родени во март.


Познати луѓе родени во месецот март: Шекил О’Нил, Лејди Гага, Селин Дион, Фредерик Шопен, Елтон Џон, Дајана Рос…

darezlivi-talentirani-filozofi-8-kvaliteti-na-lugjeto-rodeni-vo-mart-02.jpg

(О)Милена | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ...
Кои се вашите 3 најтоксични особини според хороскопскиот знак (и како да се справите со нив)? Риби - Ирационални, премногу чувствителни, постојано некаде летаат... Потребно е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg