Лавот крши чаши, Вагата ве прекинува додека зборувате - Кога знаете дека знаците се изнервирани и ја достигнале точката на вриење?

Генерално добро си ги познаваме пријателите и најблиските, но можеме да почувствуваме дека нешто се случува со нив во моментот кога ќе почнат да се однесуваат невообичаено, надвор од нивните карактер.

Koga-znaete-deka-znacite-ja-dostignale-tockata-na-vrienje-01.jpg

Астрологијата тврди дека има одговор за секој од 12-те знаци во зодијакот. Кога Јарецот ќе ви спушти слушалка без никакво предупредување и објаснување… што е со останатите знаци?

Прочитајте за секој поединечно и дознајте кога знаците ја достигнуваат својата точка на вриење:

Овен – кога ќе почне да потчукнуваат со прстите, да тропкаат со нив по предмети и нервозно да тресат со коленото. Тогаш знаете дека нешто не е во ред со нив.

Бик – кога се движат напред-назад без престан и не дозволуваат никој да ги допре или да им рече што било.

Близнаци – кога не сте ги слушнале со денови, недели или месеци. Дури и кога ги гледате, тие не ви зборуваат ништо. Дефинитивно има место за паника.

Рак – ве бришат од телефонскиот именик. Од Фејсбук, од Инстаграм и Твитер, ве бришат целосно од нивниот живот. Не постоите повеќе за нив, ова е најдрастичната мерка која ја преземаат.

Лав – обидувајќи се да останат ладнокрвни и горделиви, кога Лавовите ќе земат и ќе скршат чаша, чинија или каков и да било предмет, време е за бегање.

Девица – се оддалечуваат од вас и се враќаат за 5 секунди само за да ви ја докажат сопствената поента. И повторно го повторуваат истиот процес.

Вага – ве прекинуваат во зборувањето. Не ви дозволуваат да завршите ниту една реченица и тоа го прават свесно и намерно.

Скорпија – кога прават долги паузи исполнети со незборување, ве гледаат со продорен поглед и гледате дека им се шират ноздрите од нервоза, подобро е само да се оддалечите од Скорпијата и да не погледнете наназад.

Стрелец – не ве сакаат околу нив. И ви го кажуваа тоа јасно и отворено. Појаснуваат дека им е потребен простор и време, а за вас нема место во нивниот живот во моментот.

Јарец – им зборувате по телефон, а тие ненадејно ви спуштаат слушалка. На следното јавување сфаќате дека се недостапни. Нема да ви одговорат ниту на една порака, на си го губете времето залудно.

Водолија – ве игнорираат, дури и да сте на 2 метра од нив. Си ја чепкаат косата, ноктите, давајќи ви до знаење дека дури и овие тривијални работи им се поинтересни од вас. Посакуваат само да исчезнете од нивниот видокруг.

Риби – упорни се да го слушнат она што го наумиле. Кога се крајно изнервирани во состојба се да ве гњават со часови, само да го слушнат одговорот кој си го замислиле во главата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Годишен хороскоп за 2026: Водолија На професионално поле, 2026-та ќе ви донесе подеми и падови. Но, во љубовта вист...

Најчитани неделава