Каква енергија оддавате според хороскопскиот знак?

kakva-energija-oddavate-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага

Овој знак го бие глас дека е нерешителен, но се што сака е да има баланс. Венера е владетел на Вагите, па затоа тие се многу пријателски расположени. Настојуваат да се усреќат себеси и другите преку воспоставување на рамнотежа.

Скорпија

Скорпиите се многу интензивни, па може да ги препознаете штом ќе ги сретнете. Ако нешто не е во ред со нив ќе забележите многу лесно, бидејќи нема да се потрудат да го скријат тоа. Сите нешта ги чувствуваат доста длабоко и ако се песимистички расположени, не постои ништо што може да направите во врска со тоа.

Стрелец

Кога Стрелец зборува, невозможно е да не му поверувате. Дури може и лесно да се посрамотите ако се обидете да се расправате со него. Иако не мора да значи дека се што кажува е вистина, начинот на кој зборува прави да му верувате на секој кажан збор.

Јарец

Јарците се најбрзи кога треба да се одлучи како да се постапи и тоа го прават подобро од било кој друг. Тие се вредни, посветени и исполнителни.

Водолија

Овој знак има слободен дух и тоа се гледа во начинот на кој се носат себеси. Изгледаат безгрижно, односно како да не се грижат воопшто ако другите не ги сфаќаат сериозно. Но, вистината е дека тие се фокусирани на големата слика и на иднината, и не се грижат за малите нешта во животот како тоа што мислат другите за нив.

Риби

Кога ќе забележите Риба, првото нешто што го гледате е дека изгледа како да живее во свој свет. Сакаат да сонуваат со отворени очи и никогаш не може да знаете што им се врти во главата. Лесно можат да ви ја прочитаат енергијата, но вие нивната не. Затоа се и најмистериозниот знак во хороскопот.

А. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg