6 хороскопски знаци кои губат контрола кога јадат

Се чини како хороскопот да има одговор на секој проблем кој ни се појавува во животот, зарем не?

6-horoskopski-znaci-koi-gubat-kontrola-koga-jadat-01.jpg

Кога е прејадувањето во прашање, астрологијата тоа го поврзува со компулсивноста. Овие шест хороскопски знаци се сосема свесни за тоа дека храната ни е пред сè, потребна за да преживееме. Но, некогаш не можат да престанат со јадење, бидејќи тоа им е премногу вкусно.

Но, постои и теорија според која одредени карактеристики влијаат врз тоа колку некој ја сака храната и тие се поврзани со астрологијата.

Ова се шесте знаци кои имаат ваква навика:

Скорпија

Кога треба да воспостават контрола врз нешто што го прават, на Скорпиите најчесто им треба повеќе храна. Тие не сакаат кога им пропаѓаат плановите или некој им застанува на патот, па и во овој случај им треба повеќе храна. Кога се најадени добро, се поотпорни на стрес.

Водолија

Кога јадат, јадат како бунтовници. Најчесто се личности со брз метаболизам, кои ги нервираат оние околу нив кои постојано им приговараат дека не се дебелеат. Но, сето ова е со рок на траење. Како минат годините, така слабее и нивниот метаболизам, а навиката за внес на големи количини храна останува.

6-horoskopski-znaci-koi-gubat-kontrola-koga-jadat-02.jpg

Близнаци

Се прејадуваат затоа што не знаат што друго да направат. Близнаците не се доволно храбри за да пристапат кон реално решавање на проблемите, па посегнуваат по храна, мислејќи дека на тој начин ќе си дадат сила во тешки времиња.

Вага

Вагите имаат тенденција да се преполнуваат со храна кога им е здодевно, кога се под стрес или кога се тажни и депресивни. Колку поинтензивни чувства, толку повеќе храна бара нивното тело. Дури и кога се на диета, тоа завршува со повторно прејадување на крајот од денот.

6-horoskopski-znaci-koi-gubat-kontrola-koga-jadat-03.jpg

Девица

Кога притисокот станува преголем, на Девиците им треба нешто што навистина ќе ги релаксира и утеши. А, што е подобро од една порција вкусна храна која ќе ги задоволи стандардите на овие астро перфекционисти?

Риби

Кај Рибите не се потребни некои посебни причини да уживаат во храната. Тие тоа го прават затоа што е вкусна и затоа што им е убаво да бидат слободни од емоции кои не го попречуваат нивниот мисловен процес. Затоа и често јадат до момент на „препукнување“, но и тогаш сакаат да пробаат уште малку од храната.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...

Најчитани неделава