Љубовен хороскоп за мај 2019: Лавовите - будење на страста, Биковите - недокажани работи со бившите

Дали ќе успеете да побегнете од врската од минатото што ве прогонува? Дали конечно партнерот ќе го ставите на прво место и ќе бидете на 7-мо небо?

ljuboven-horoskop-za-maj-2019-lavovite-budenje-na-strasta-bikovite-nedokazhani-raboti-so-bivshite-01.jpg

Дали ќе правите ризични љубовни потези и некоја авантура ќе прерасне во врска или ќе ѝ дадете шанса на личноста што одамна е заинтересирана за вас, но вам ви изгледа флегматично?

Што ве очекува во љубовта овој мај?

Овен

Ако сте во врска:

Во првата половина од месецот ќе имате несогласувања со саканата личност околу заедничките цели. Ќе има љубомора и недоверба. Но, со разумен разговор ќе пронајдете решение.

Партнерот ќе ве воодушеви со енергијата што ќе ви ја сервира и ќе се обидува да ве расположи во миговите кога ќе бидете безволни и нерасположени. Ќе имате интимни мигови кои долго ќе ги паметите.

Ако сте слободни:

Ќе има нов страст, но и ново разочарување во вашиот живот. Имате големи очекувања и потребен ви е некој што е подготвен за авантура, патувања и е полн со енергија.

За жал, ќе среќавате мрзеливи и флегматични личности. Сепак, отворете ги ширум очите за личност која не е ваш тип, но ќе ве освои со духот и убавината. Со неа ќе имате авантура што ќе прерасне во врска.

Бик

Ако сте во врска:

Заедничките активности со партнерот ќе ви ја поттикнуваат љубовта. Ќе можете да се договорите околу сè и да минете неколку дена во пријатна атмосфера.

Новите идеи за подобрување на врската ќе му се допаднат на партнерот. Ќе бидете среќни и ќе минувате многу време со пријателите.

Ако сте слободни:

Врската што ја прекинавте неодамна како уште да ве прогонува. Нешто како да остана недокажано помеѓу вас и поранешниот партнер. Ќе бидете тажни бидејќи нема да можете да воспоставите контакт.

Кон средината на месецот ќе запознаете нова личност што ќе ве воодушеви. Не смеете да сте воздржани.

Близнаци

Ако сте во врска:

Ќе имате несогласувања со партнерот и ќе бидете напнати поради преголемиот број на обврски. Зафатени сте и преморени, а ве мачи чувството дека партнерот ве запоставува. Ќе има мало заладување на односите.

Пронајдете повеќе време еден за друг и вие прикажете му ја нежноста која сакате да ја добиете од него. Тој ќе ви даде некои неодоливи предлози.

Ако сте слободни:

Некој магично ќе ве привлече на прв поглед, но како што ќе го запознавате така ќе сфатите дека сте различни и дека не поседува карактеристики кои ви одговараат.

Ќе бидете малку разочарани од прекинот, но потоа ќе запознаете личност со која ќе чувствувате неверојатна сексуална привлечност и која ќе ви покаже дека во животот не мора сè да ви биде однапред испланирано.

Рак

Ако сте во врска:

Ќе правите ризични потези на поле љубов. Со саканата личност нема да се согласите околу некои важни работи и двајцата ќе бидете тврдоглави во дијалогот.

Мора да покажете повеќе разбирање ако сакате да ја средите ситуацијата. Послушајте ги советите од блиските пријатели.

Ако сте слободни:

Упорно ќе се трудите да го привлечете вниманието на некоја личност што ви се допаѓа, но нема да успеете во тоа. Дури и преку заеднички пријател ќе се обидувате да воспоставите контакт.

Сепак, ќе сфатите дека емотивната врска не може да биде еднострана и ќе побарате некој нов и посоодветен за вас. Некое познанство има шанса да прерасне во љубов.

Лав

Ако сте во врска:

Нема да исполните некое дадено ветување и затоа ќе има проблеми во вашиот љубовен рај. Вистинската организација ќе направи да го надминете ова.

Во втората половина од мај ќе бидете расположени повеќе време да минувате со пријателите, отколку со партнерот и токму тоа ќе го привлече кон вас. Ќе се разбуди старата страст и ќе бидете посложни од кога било.

Ако сте слободни:

Повеќе ќе сакате да излегувате и лудо да се забавувате, отколку да почнувате новa врска. Ќе ви одговараат само површни врски и краткотрајни авантури.

Оставете ги вратите отворени за некој однос да прерасне во нешто поголемо. Ќе се изненадите колку ќе ви годи емоционалната блискост.

Девица

Ако сте во врска:

Не си стоите на збор и непочитувањето на некој договор ќе ви донесе несогласувања во љубовта. Малку сте егоцентрични и тоа го иритира партнерот.

Исполнете ја врската со заеднички настани како одење на концерти, кино или излети во природа и ќе почувствувате драстична разлика.

Ако сте слободни:

Ќе запознаете личност со која комуникацијата од прва ќе ви оди одлично. Двајцата ќе имате слични интереси и ќе сакате да зборувате на исти теми.

Овој добар соговорник може да ви биде и совршен животен партнер. Малку ќе бидете воздржани, но потоа комплетно ќе му се предадете на текот на работите.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg