Скорпиите се премногу љубоморни, Рибите простуваат брзо - Што мрази секој знак кај себеси?

Вага – Премногу си удоволувате себеси и си наоѓате изговори дека тоа е правилно. Ќе видите нешто што го сакате и мора да го имате во истиот миг – бидејќи вие го заслужувате тоа. Трошите премногу пари на работи кои реално не ви се потребни. Навистина имате голем проблем да го затворите паричникот.

Скорпија – Љубоморни сте и добро го знаете тоа. Ова не се однесува само на луѓето со кои излегувате. Љубоморни сте кога пријателите решиле да излезат без вас и не ве викнале. Се нервирате кога колегите добиваат унапредување, а вие тапкате во место. Љубоморни сте на многу работи, но добро го криете тоа.

Стрелец – Нетрпеливи сте и тоа ве вади од такт. Брзо преминувате од една на друга работа и половично ги завршувате задачите. На крајот испуштате премногу добри можности, само затоа што немате трпение да почекате некоја подобра понуда или ситуација, туку веднаш ја прифаќате првата укажана можност.

Јарец – Се нервирате зошто толку лесно се нервирате. Ова е наједноставниот начин да се опише вашата состојба. Немате премногу толеранција кон луѓето и тешко ви е да се соочувате со нив. Не сакате да се заморувате. Повеќе би сакале да ве остават раат и да си го зачувате душевниот мир.

Водолија – Мразите кога премногу се осамувате и оддалечувате од другите луѓе. И тоа најчесто го правите со луѓето кои знаете дека се грижат за вас и ве сакаат. На крајот успевате да си ги уништите пријателствата и да ги саботирате добрите врски коишто долго сте ги граделе, преправајќи се дека не ви е јасно како се случило тоа.

Риби – Простувате брзо и лесно и тоа е она што најмногу ве нервира кај себе. Секогаш го гледате најдоброто кај луѓето, ги прифаќате нивните маани и примате извинувања дури и кога не го заслужуваат тоа. Им дозволувате на токсичните луѓе да го управуваат вашиот живот, бидејќи не умеете да им кажете збогум.

(О)Милена | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
5 работи што му го кршат срцето на секој хороскопски знак – што најмногу ги боли? Бик - Непосакуван крај – тие ги држат до последно конците, а срцето им се крши к...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...

Најчитани неделава