Скорпиите се премногу љубоморни, Рибите простуваат брзо - Што мрази секој знак кај себеси?

Секој од нас има лоши страни и маани за кои е целосно (не)свесен.

skorpiite-se-premnogu-ljubomorni-ribite-prostuvaat-brzo-sto-mrazi-sekoj-znak-kaj-sebesi-01.jpg

Според астрологијата овие работи се кристално чисти и јасни. Секој од знаците во зодијакот мрази нешто кај себеси -дознајте што според вашиот хороскопски знак:

Овен – Мразите колку импулсивни сте. Генерално носите лоши одлуки, како пишувањето смс пораки на поранешните партнери доцна во ноќта или порачувањето четврта текила. Следното утро се каете поради своите непромислени постапки.

Бик – Премногу трошите време на патење и страдање. Премногу долго го држите гневот во себе. Потребно ви е многу повеќе време да ги преболите поранешните партнери. Постојано евоцирате спомени од минатото и посакувате да престанете да мислите на вчера и да започнете конечно да се занимавате со иднината.

Близнаци – Најмногу мразите колку ви е тешко да донесете наједноставна одлука. Луѓето ве етикетираат како неодлучни бидејќи постојано го менувате мислењето. Но, ова се случува поради фактот што премногу ги анализирате работите. Секогаш сакате да донесете правилна одлука. Се плашите од лоши одлуки, па постојано го менувате мислењето, а тоа ви оди на живци.

Рак – Зошто сум толку голем емотивец? Ова постојано ви поминува низ главата. Премногу се грижите. Постојано сте на раб на плачење и солзи. Се плашите да влезете во конфликт или пожестока дискусија, затоа што не можете да ги искажете аргументите без да прснете во плач.

Лав – Свесни сте дека другите точно знаат колку умеете да бидете контролно настроени – и тоа ве нервира. Немате намера да се однесувате како некој шеф, меѓутоа сметате дека тоа е потребно со цел квалитетно да се завршат работите уште први првиот обид. Вие сте природно надарен водач и тешко ви е да излезете од оваа улога.

Девица – Го мразите фактот колку тешко ви паѓа да се откажете од контролата. Вашиот живот ќе биде многу полесен доколку им дозволите на другите да ви помогнат, но вие инсистирате да бидете целосно независни и да ги држите сите конци во раце. Сакате сè да биде по ваше.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg