Љубовен хороскоп за јуни 2019: Овните ќе откријат неверство, Раковите ќе влезат во врска со пријател

Какви љубовни ситуации ве очекуваат во месец јуни – дали среќата ќе ви се насмевне или ве очекува нов бран пречки?

ljuboven-horoskop-za-juni-2019-ovnite-kje-otkrijat-neverstvo-rakovite-kje-vlezat-vo-vrska-so-prijatel-01.jpg

Секој хороскопски знак се соочува со различни љубовни ситуации, зависно од тоа дали е сингл или во врска.

Каков ќе ви биде на вас месец јуни на љубовно поле – откријте во продолжение.

Овен

Ако сте во врска:

Месец јуни во вашата врска ќе внесе повеќе страст што ќе биде вистинско освежување. Ќе бидете фокусирани на повеќе забава, подобрување на комуникацијата и мотивација да преземете иницијатива за заеднички активности. Внимавајте кон крајот на месецот можни се нестабилности, ќе бидете склони кон криење тајни кои може да бидат откриени.

Ако сте слободни:

Почетокот на месецот ќе ви донесе средба со личност во која може да се заљубите на прв поглед заради привлечниот изглед. Веднаш потоа ќе сакате да се гледате почесто и ќе следи динамичен период, но сепак романсата ќе трае кратко. Можно е да откриете неверство, а и вие да влезете во паралелна врска.

Бик

Ако сте во врска:

Во првата половина на месецот ќе имате потреба да ја подобрите комуникацијата со саканата личност бидејќи ќе забележите дека односите ви се изладени. Очекувате поголема динамика и наместо зборови поважни ќе ви бидат делата. Правете почесто заеднички работи со партнерот и не дозволувајте напната ситуација да завладее помеѓу вас, бидејќи тоа уште повеќе ќе ве оддалечи.

Ако сте слободни:

Јуни ќе ви донесе динамични случувања на љубовно поле и ќе се запознаете со личност со која може да влезете во емотивна врска. На почетокот ќе се согласувате одлично и ќе мислите дека сте нашле сродна душа, но тоа ќе трае кратко заради сериозни несогласувања кон средината на месецот. Можни се љубоморни сцени и ќе бидете разочарани, па ќе решите да излезете од врска и да останете слободни.

Близнаци

Ако сте во врска:

На почетокот на јуни ќе се обидувате да најдете начин како да ја освежите врската и ќе треба да го промените пристапот за подобро да се разбирате со партнерот. Можни се несогласувања бидејќи ќе се чувствувате несфатено, но ќе мора да обрнете внимание на меѓусебните потреби. Во втората половина ќе имате недостиг на желба за остварување на плановите и можно е заладување на односите, а утеха да барате кај друга личност.

Ако сте слободни:

Вашата потреба да бидете во центарот на вниманието ќе ве доведе до запознавање со личност која ќе се воодушеви од таа ваша особина и со која ќе водите интересни и необични разговори. Ќе започнете врска без обврски бидејќи двајцата сте отворени само за авантура. Веднаш потоа може да се впуштите во авантура и со друга личност која ќе ве привлече на прв поглед, но набрзо ќе сфатите дека двете личности не ви одговараат.

Рак

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот очекувајте зајакнати страсти во врската со саканата личност, што ќе влијае позитивно на вашиот однос. Потребна ви е поголема забава и дружење, па потрудете се да ја внесете потребната динамика во секојдневието. Најдете време за интимни моменти. Во втората половина можно е да почувствувате немир и тензија, па може да дојде до сериозно оддалечување ако не преземете нешто навреме.

Ако сте слободни:

Можно е да се заљубите во личност со која сте имале пријателски односи и ќе решите да ги преминете границите на пријателство. Веќе подолго време помеѓу вас има силна привлечност и хемија, но досега не сте се осудиле на тој чекор. Тоа може да прерасне во врска која ќе трае долго, но ако успеете да го надминете почетокот кој ќе биде прилично тежок, полн со предизвици и пречки.

Лав

Ако сте во врска:

Почетокот на јуни ќе ви донесе поволни можности за со партнерот да остварите некоја важна заедничка цел. Тоа ќе ве зближи, а потребни ви се уште заеднички активности, што ќе влијае позитивно на вашата врска. Партнерот ќе биде подготвен да ви ги прифати идеите и ќе уживате во забавата. Во втората половина може да излезат на виделина некои тајни кои сте ги криеле и можно е да се изгуби доверба.

Ако сте слободни:

На почетокот на месецот ќе запознаете личност која првично ќе ве привлече физички и со која брзо ќе влезете во авантура која ќе ви одговара на двајцата. Ќе се привлекувате и ќе уживате во интимните моменти, но другите работи нема да ви одат лесно. Двајцата ќе сакате да доминирате и тоа нема да ве одведе далеку, а наместо да ја прекинете врската, ќе влегувате во проблеми и ќе имате љубоморни сцени.

Девица

Ако сте во врска:

Во текот на месец јуни ќе имате променливи и тензични односи со партнерот, а најголемите несогласувања ќе ви бидат околу заедничките цели за кои нема да може да се договорите. Очекувајте недоразбирања и конфликти помеѓу вас и саканата личност, а за да ја намалите напнатоста, потрудете се да направите компромиси и да ги задоволите меѓусебните потреби. Фокусирајте се на заеднички активности и дружби.

Ако сте слободни:

Ќе чувствувате силна привлечност кон личност со која ќе се запознаете на некој настан. Со оглед на тоа што веројатно имате чувства долго време кон некоја друга личност, новото познанство ќе ви донеси измешани емоции. Ќе се обидете повеќе да се ангажирате бидејќи сакате да влезете во врска, но притоа ќе се соочите со бројни разочарувања и препреки. Новата симпатија ќе се покаже како лош избор, па веројатно повеќе шанси ќе имате со „старата љубов“.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg