Мали несовршености кај секој хороскопски знак кои ве прават неодоливи во очите на партнерите

mali-nesovrshenosti-kaj-sekoj-horoskopski-znak-koi-ve-pravat-neodolivi-vo-ochite-na-partnerite-02.jpg

Вага – Тајна сила

Повеќето ги сметаат Вагите за едноставни луѓе кои сакаат фер игра, тераат правдина и притоа се секогаш весели, со насмевка на лицето.

Многумина се шокираат кога ќе откријат дека Вагите кријат една силна и остра страна во себе. Ова особено се открива кога се ставаат во одбрана на луѓето кои им значат.

Повеќето од нив се сведоци како Вагата го ослободува својот внатрешен оган и жестоко ги брани саканите, страсно, дури и причините за ова се малку неразумни. Сепак, добро е да се видат Вагите во акција, бидејќи најчесто се прибрани и рамнодушни.

Скорпија – Интензитет

Скорпиите се искрено диви и по малку луди и не сакате да ги прелажете или прејдете на каков било начин. Сепак, нивниот магичен интензитет за нештата е како магнет за другите. Не може да не ве освои нивната посветеност, истрајност и сила.

Другите се вљубени во начинот на кој Скорпијата се соочува со проблемите и како се однесува во кризните ситуации. Светот го сфаќаат сериозно, пријателствата исто така. Кога Скорпијата ќе намисли нешто не постои граница за остварување на нејзиниот план.

Стрелец – Црн хумор

Стрелците се познати по нивниот бизарен хумор и по тоа што понекогаш дозволуваат шегите да отидат предалеку. Тие едноставно не можат да проценат кога ја преминале црвената граница на шегување и кога повредиле нечии чувства.

Но, кога конечно ќе го сфатат укажувањето, тогаш искрено се каат и умеат да се извинат од срце. Ова однесување ги прави прилично неодоливи за партнерите. Фактот што може да насмеат некого од срце е само дополнителен бонус.

Јарец – Искреност

Јарците се типови на луѓе кои се длабоко искрени, макар и по цена да ве повредат. Речиси сите работи ги земаат сериозно – животот, пријателите, па дури и забавата за нив е една сериозна работа. Поради ваквото донесување дополнително си го комплицираат животот.

Но, речиси никој не останува имун на суровата искреност на Јарците. Ова е редок квалитет поради кој партнерите се вљубуваат во нив.

Водолија - Одлучност

Не е никакво чудо што Водолијата најчесто си функционира во својот мал свет каде што е заштитена како во некој меур. Тие имаат многу интензивен концепт за „добро“ и „лошо“ и секогаш се обидуваат да го донесат вистинското решение врз основа на сопствените правила.

Водолиите имаат мислење за сè и се одликуваат со силна и јасна отсеченост по однос на многу прашања. Ова придонесува за нивната привлечност, фактот што одлуките ги носат брзо и експедитивно.

Риби – Потреба за драма

Ги етикетираат како креативни, малку будалести, сонувачи, сензитивни… но речиси никогаш како драматични. Што секако е огромна грешка, бидејќи длабоко во себе Рибите копнеат по драма и комплицирање на работите.

Ова однесување особено го демонстрираат во љубовта. Кога сакаат некого да убедат дека се нивната сродна душа, Рибите се подготвени да одат до крајот на светот. Колку повеќе драма во текот на покажувањето на чувствата, толку подобро.

Многумина немаат време и нерви за вакви драматични испади, но кога ова однесување доаѓа од некој толку смирен и позитивен како Рибите, дочекано е со воодушевување и симпатија.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg