Мали несовршености кај секој хороскопски знак кои ве прават неодоливи во очите на партнерите

Секој од нас има барем неколку маани. Тоа е она што нè прави човечни, фактот што сме далеку од совршени.

Mali-nesovrsenosti-kaj-znacite-koi-ve-pravat-neodolivi-01.jpg

За многумина ваквите несовршености се недопустливи. Но вистинскиот партнер всушност ќе ги обожава овие ваши маани.

За Близнаците тоа е нивниот несопирлив ентузијазам, за Рибите – потребата од дополнително драматизирање на обичните нешта… кои мали несовршености ве прават неодоливи во очите на партнерот?

Овен – Детска наивност

Интересно е како Овните имаат силно изразена волја и се прилично тврдоглави, а од друга страна се одликуваат со некој детски шарм и наивност кој е неодолив за другите.

Имаат незаситна љубопитност, постојано се интересираат за нови работи, што ги прави големи мислители и луѓе што постојано учат. Ова е тоа што партнерите го обожаваат кај Овните – нивниот несопирлив ентузијазам и интерес за учење нови нешта.

И покрај фактот што се остроумни понекогаш се однесуваат како вистински мали деца, а тоа е неодоливо и симпатично.

Бик – Контрадикторност

Партнерите ги обожаваат Биковите поради противречностите кои владеат во нив. Биковите сакаат да ги импресионираат другите луѓе, а особено многу го сакаат нивното пријателство и благонаклоност.

За себе велат дека најчесто сакаат да бидат сами, но тие триумфираат кога се во добро друштво. Тврдат дека се задоволни со животот онаков каков што е, иако постојано сонуваат како да ги направат работите подобри.

Никогаш не знаете точно „на што сте“ кога сте покрај еден Бик и иако се обидуваат да создадат една совршена слика од себеси, подоцна откривате дека како и сите луѓе се далеку од совршени, што ги прави неодоливи за сакање.

Близнаци – Ентузијазам

Близнаците постојано се на тенка линија помеѓу двете лица кои ги кријат во себе. Она што го чуваат само за нив и она што сакаат да му го покажат на светот.

Но, она поради кое луѓето ги сакаат Близнаците е нивниот ентузијазам за помош и љубовта која ја чувствуваат кон другите луѓе. Секогаш несебично се обидуваат да им го подобрат животот на оние кои вистински им значат.

Ова понекогаш ја прелева чашката и се чувствуваат преморени, но не се откажуваат, а луѓето ги сакаат Близнаците токму поради овој нивен квалитет.

Рак – Одбранбеност

Раковите се нежни, емотивни души, но кога ќе се направат премногу шеги на нивна сметка заземаат силен одбранбен став што ги прави многу симпатични. Едноставно сакате да ги гушнете и никогаш да не ги пуштите од себе, бидејќи имате чувство дека ќе се расплачат.

Начинот на кој се бранат себеси е смешен, но тие се однесуваат како вистински адвокати, бранејќи го ставот со аргументи, што ве тера да ги сакате уште повеќе.

Лав – Внатрешен глад

Кога Лавот решава дека сака нешто тоа го прави со целото свое срце и битие. Ова значи дека Лавовите најчесто „скокаат“ од место во место, од работа во друга работа, од еден во друг план.

Однадвор можеби делуваат неодлучно, но тие всушност се во потрага по задоволување на сите свои апетити. Одбиваат да се откажат од она што го сакаат, а за многумина овој квалитет е неодолив.

Девица – Чувствителност

Никој не ги етикетира Девиците како премногу чувствителни (како Рибите или Раковите на пример), но тие вистински се. Се грижат многу повеќе за работите и луѓето отколку што признаваат. Особено се чувствителни за потребите и проблемите на саканите луѓе, па ќе го превртат небото и земјата само за да им помогнат.

Исто така, Девиците се зависни од почитта на другите околу нив, па ќе направат сè што треба да го добијат и задржат почитувањето.

Понекогаш се параноични и по малку неправедни, но нивната голема душа надоместува за овие маани. Девиците едноставно се тука да помогнат и партнерите ги обожаваат поради оваа причина.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg