На што треба да се фокусирате во останатиот дел од 2019, според хороскопскиот знак?

na-sto-treba-da-se-fokusirate-vo-ostanatiot-del-od-2019-godina-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

ВАГА

Потребно е да го истражувате светот. На тој начин ќе се спознаете себеси подобро. Доколку сметате дека немате доволно пари за патувања, најдобро е да му се вратите на читањето, т.е. да отворите неколку различни книги.

Учењето е прекрасно нешто, процесот не завршува никогаш, а ова ќе ви помогне да напредувате и дополнително да созреете.

СКОРПИЈА

Оставете го егото на страна и внимавајте што зборувате во преостанатите 6 месеци од годината. Вашите зборови понекогаш се отровни, а ова не е вистинскиот начин да напредувате во животот.

Очекувајте да прераснете во една посилна, постабилна личност, но и да ги излекувате раните од минатото. Бидете повеќе духовни и емпатично настроени.

СТРЕЛЕЦ

Насочете се сами кон поправање на работите, без ничија, туѓа помош. Ќе научите навистина многу во текот на процесот. Минатите години беа навистина многу тешки за вас, но веројатно и самите чувствувате како да ви се крена голем товар од градите.

Подготвени сте за борба и можностите кои секој момент ќе затропаат на вашата врата.

ЈАРЕЦ

Минатата година ве задушуваше практично на секое поле. Сепак, бидете свесни дека сите тие проблеми беа тестови кои требаше да ги поминете до патот на апсолутна среќа и смирување.

Сè уште имате за учење, но знајте дека наградата ве чека. Имајте само трпение и не губете го разумот за неважни, мали ситници.

ВОДОЛИЈА

Имате чувство дека сакате само да се скриете и да избегате од светот. Но, ова е времето кога треба да си ги наполните батериите и храбро да се соочите со сите предизвици кои ви ги сервира животот.

Во следните 6 месеци анализирајте се себеси, читајте, учете. Вашите соништа се важни, доволно долго ги одложувавте и ги тргавте на страна. Ќе доживеете вистинска метаморфоза до крајот на 2019.

РИБИ

Ќе го сфатите значењето на пријателството и семејството. Ќе се насочите кон повеќе социјални збиднувања и дружби. Но, лесно ќе раскрстите со оние кои не го заслужуваат вашето внимание и пријателство.

Во останатите 6 месеци од годината ќе развиете чувство на внатрешна самодоверба и ќе станете многу посилни. Слично како и Водолијата и вие ќе доживеете целосна трансформација и ќе се подобрите себеси како личност.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Хороскопските знаци рангирани според нивната среќа – Близнаците се најголем баксуз Скорпии, дефинитивно ве следи среќа, но единствениот проблем ви е што некогаш не...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Како најлесно да заштедите пари, според хороскопскиот знак? Бикови, вие сметате дека луксузот не е привилегија, туку право на секој човек, п...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...
Како секој хороскопски знак ќе го промени светот (на подобро)? Риби, вие сте им како емоционален водич на другите. Им помагате да ги разберат с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg