Зошто не можете да мрднете од „мртвата точка“ според хороскопскиот знак?

Вага – Потребата за хармонија во животот ви е над сè друго

Секој сака да има хармоничен и балансиран живот. Проблемот е во тоа што а вас ова претставува приоритет кој ви го диктира животот повеќе отколку што е потребно.

Понекогаш се откажувате од следење одредени цели и соништа, само затоа што сметате дека тие ќе ви го нарушат мирот во рамките на домот и семејството. Секогаш ги ставате и туѓите чувства во пресметката, иако се работи за лично ваш живот.

Понекогаш животот е хаотичен и не можете сите да ги направите среќни. Не треба да се одрекувате од своите соништа, само затоа што не се според замислата на некој друг.

Скорпија – Се концентрирате на работи кои не можете да ги имате

Вие имате толку многу квалитети, што другите луѓе едноставно ви завидуваат на способностите. Ќе се изненадите колку многу луѓе би сакале да се на вашето место.

Сепак, наместо да бидете реалистични, вие посакувате работи кои едноставно не можете да ги имате. Постојано сте во некаква борба за освојување нешто и неретко се споредувате со другите. Ова прави да се вртите во круг и секогаш да стигнете на истото место од каде што сте започнале.

Не дозволувајте нереалистичните замисли да управуваат со вас. Може да постигнете многу повеќе со она што веќе го имате во животот.

Стрелец – Не можете да бидете сериозни кога тоа се бара од вас

Се одликувате со безгрижен, оптимистички дух и ова е причината поради која луѓето сакаат да бидат околу вас. Но, животот не е само безгрижна игра и насмевки.

Понекогаш работите треба да се сфатат сериозно, а ова не е вашата силна страна. Токму тоа е она што ве кочи наназад.

Добро е да се има хумор, да се кажуваат шеги, но кога ситуациите бараат доза сериозност мора да го прифатите тоа доколку сакате да успеете во замисленото.

Јарец – Си создавате премногу притисок за да успеете

Кога вие ќе си зацртате некоја цел, навистина тешко е човек да се натпреварува со вас. Тешко е и да ве замисли некој дека стагнирате во животот со оглед на тоа колку многу сте амбициозни, но вие се „смрзнувате“ само поради тоа што самите си создавате премногу притисок.

Сакате сè, сакате веднаш, сакате МНОГУ! Нема ништо лошо во тоа да се биде амбициозен, но не и по цена постојано да сте под притисок до точка на побудалување. Внимавајте и на здравјето, стресот си го прави своето.

Водолија – Не ги реализирате работите кои велите дека ќе ги направите

Имате премногу потенцијални идеи во главата и луѓето навистина ви се воодушевуваат поради тоа. Дел од нив се одлични идеи, но никогаш не започнувате со нивната реализација. Ова е причината поради која сте заглавени во „мртва точка“.

Повеќе ви одговара да си бидете заглавени во комфорната реалност, отколку да се помачите во реализирањето на целите. Немојте да се плашите да започнете со остварувањето на некои идеи, ќе бидете изненадени каде тие може да ве однесат.

Риби – Останувате емоционално дистанцирани од сите

Вие сте знак кој е полн со емпатија и умеете да сочувствувате со проблемите на другите луѓе. Сепак, кога станува збор за вас, тешко ги отворате картите пред другите и ретко ги споделувате своите чувства.

Зошто ви е толку многу тешко да ги прифатите своите добри совети кои им ги нудите на другите луѓе? Успехот сепак зависи и од вас, но и од луѓето околу вас. Отворете си ја душата и срцето, ќе се изненадите колкумина од нив сакаат да ви помогнат полесно да успеете, наместо постојано да се вртите во круг.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg