Зошто не можете да мрднете од „мртвата точка“ според хороскопскиот знак?

Секој од нас доаѓа до одреден период од животот кога чувствува дека не мрднува никаде, ниту кон полошо, ниту на подобро.

Zosto-ne-mozete-da-mrdnete-od-mrtvata-tocka-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Овој период на „статус кво“ може да трае кратко, но може да се оддолжи и на неколку месеци, па дури и години, што е секако непожелно за секоја личност и неговото напредување.

Зошто не можете да мрднете од „мртвата точка“ според вашиот хороскопски знак?

Овен – Не ги завршувате работите докрај кога губите интерес за нив

Вашиот знак е возбудлив и енергичен. Ова прави да се заинтересирате за одредени цели, врски, можности кои се пред вас. Но, ова трае сè додека не го изгубите интересот, односно не ви се здосадат работите.

Навистина е важно да не правите работи кои не ви се по ќејф и ве прават несреќни. Сепак, вие се откажувате навистина пребрзо. Животот не е секогаш составен од фер, интересно и возбудливо. Некогаш треба да сте доследни и да имате трпение, па дадете им шанса на нештата, обидете се да не го изгубите интересот пребрзо. Едноставно издржете, резултатот навистина ќе се исплати.

Бик – Премногу сте уплашени да ја напуштите својата комфорна зона

Имате идеја што сакате од животот и тоа е одлично. Најголемиот проблем е во тоа што кога треба да излезете од комфорната зона за да го остварите тоа, вие се повлекувате уште повеќе.

Сите сме во потрага на сигурност и комфор, тоа ни е во човековата природа. Но, вие сте од они кои преземаат најмалку ризици и верувате во т.н. пресметан ризик. Не можете целиот живот да го поминете на овој начин.

Понекогаш е потребно да реагирате импулсивно и да преземете одредени ризици, па макар и не успеале. Во спротивно, животот само ќе ве одмине додека не правите ништо.

Близнаци – Имате проблем при носењето одлуки

Секогаш сте подготвени за нови знаење и искуства, а животот постојано во сервира нови можности и предизвици. Бидејќи секогаш сте во движење и комуникација со многу нови луѓе, вашиот мозок се полни со информации.

Ова, колку што е добро, толку е и лошо, бидејќи прави да се сомневате во себе и тешко умеете да донесете одредена одлука. Кога имате премногу избори за вас тоа е еднакво на кошмар.

Поради ова „тапкате“ во место, иако тоа е последното нешто коешто сакате да го правите. Затоа замижете, вдишете длабоко и одберете една работа, донесете една одлука. Никогаш не знаете каде таа може да ве однесе.

Рак – Постојано одбирате стабилност, наместо она што вистински го сакате

Вие не сте личност која бара премногу. Некого што ќе го сакате и тој ќе ве сака за возврат, кариера, лесен и едноставен живот.

Проблемот е во тоа што понекогаш бирате работи не затоа што ги сакате, туку затоа што сметате дека тие се правилни. Речиси никогаш не го слушате срцето, предност му давате на разумот и логиката, бидејќи сигурноста е сè за вас.

Сепак, длабоко во себе знаете дека за работите кои ќе ве направат вистински среќни вреди да се жртвува таа 100% сигурност. Не дозволувајте да се заглавите целиот живот на едно место, со истиот партнер и истата работа, само затоа што однадвор изгледа сигурно.

Лав – Премногу се грижите за тоа што мислат другите луѓе за вас

Силни сте, бестрашни и полни со живот и на човек му е тешко да поверува дека токму вие може да не мрднете од „мртва точка“. Вистината е дека иако сте многу самостојни, вас ве повредуваат туѓите мислења од време на време, а ова ве тера да застанете и да почнете со самоанализа и преиспитување.

Да, туѓите коментари умеат да болат, но не дозволувајте да ве запрат. Вие сте оној што треба да го живее својот живот и заслужувате да си ги остварите соништата, без оглед на нечии туѓи мислења.

Девица – Постојано се преиспитувате себеси

Кога станува збор за вашиот живот вие сакате тој да биде совршен и да ја имате целосната контрола во свои раце. Но, кога треба да се донесат одредени одлуки–каде да се оди, што да се направи следно, во вас се појавува едно мало гласче на сомнеж кое не ви дава мир.

Сопственото преиспитување ви троши премногу време и енергија. На крајот од денот сте исцрпени, а не сте донеле никаква одлука поради неможноста да пресечете. Немојте толку многу да се преиспитувате себеси, верувајте му на сопствениот инстинкт.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg