Љубовен хороскоп за септември 2019: Овните - љубов со погрешна личност, Девиците - очајни по компромис

ljuboven-horoskop-za-septemvri-2019-ovnite-kje-se-zaljubat-vo-pogreshna-lichnost-vagite-kje-imaat-nezaboravni-migovi-so-partnerot-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Ќе имате време и желба да организирате интимни мигови со саканата личност. Ќе разговарате отворено за работите за кои претходно молчевте, бидејќи се плашевте дека партнерот нема да ве разбере. Сепак, на крајот од месецот ќе се појави доза сомнеж дека партнерот не ви рекол сè што треба да знаете, но со трпение ќе го надминете тоа.

Ако сте слободни:

Ќе се вљубите во личност која ќе ви даде сигнал дека е заинтересирана за вас, но не е слободна. Тајната врска може да ви донесе само незадоволство, па затоа прекинете го овој однос од старт. Наскоро ќе запознаете личност која нема сомнителен морал и не е од оние кои бараат љубовни врски преку интернет.

Скорпија

Ако сте во врска:

Со саканата личност ќе излегувате на места кои ќе ви ги вратат спомените од почетокот на врската и со заедничките пријатели ќе уживате во викендите минати во природа. Избегнувајте флерт со колегите, ако не сакате проблеми. Ќе сакате да ѝ угодувате на вашата втора половина и тоа ќе ви ја врати некогашната страст.

Ако сте слободни:

Ќе бидете во фокусот на вниманието и ќе имате додворувачи од сите страни. Сепак, внимателно набљудувајте затоа што многу од нив се заинтересирани само за секс. Не ви се потребни нестабилни врски, кога во близина имате личност што сака да го мине животот со вас. Иако со вас владее желбата за забава, дадете ѝ шанса на оваа личност.

Стрелец

Ако сте во врска:

Почетокот на месецот ќе ви донесе желба да вметнете нешто ново и квалитетно во односот со партнерот. Партнерот ќе ве критикува дека премногу барате и очекувате од него и дека мислите само на себе, но ќе покажете емоции кон него и ќе ја подобрите ситуацијата. Конечно ќе бидете смели да внесете малку повеќе забава во вашата врска.

Ако сте слободни:

Ќе чувствувате потреба да се докажете во социјалните кругови. Можно е на работа да запознаете личност заинтересирана за врска. Иако односот ќе биде малку нестабилен, ќе имате почит еден кон друг. Можно е сериозен потег од ваша страна и покана за заеднички минат викенд, но токму тоа ќе покаже дали овој однос вреди труд и жртва.

Јарец

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе појдете на некое патување и тоа ќе ви донесе мир и стабилност во врската. Бидете отворени околу вашите ставови и потреби, дури и да мислите дека тоа ќе ви ја наруши хармонијата. Партнерот ќе сака квалитет, а вие ќе сакате да поминете поевтино за некоја работа, па тоа може да ви создаде мала тензија.

Ако сте слободни:

Ќе запознаете некоја необична личност која се истакнува од другите по своите специфични ставови, појавата и идеите. Ќе забележите дека и таа личност покажува интерес за вас. За кратко време ќе се зближите, но наскоро ќе сфатите дека имате многу разлики. Сепак, на крајот ќе се обидете да започнете врска.

Водолија

Ако сте во врска:

На почетокот од месецот ќе имате шанса да свртите нов лист и да почнете да ги решавате работите кои ве мачеа во изминатиот период со партнерот. Пред вас ќе стојат сериозни предизвици и напнатост. Сепак, вашите нови интереси ќе ви донесат размрдување на врската и со некое кратко патување ќе ја вратите позитивната енергија во неа.

Ако сте слободни:

Нема да бидете подготвени за сериозна врска и ќе барате забава на секое ќоше. Сепак, ќе размислите со мирна глава и ќе сфатите дека нe ви се потребни краткотрајни авантури. Во втората половина од месецот ќе сфатите дека една личност со која излегувавте неколку пати можеби е вистинската можност за сериозна врска.

Риби

Ако сте во врска:

Ќе имате променливо расположение и тоа може да ви донесе несогласувања со партнерот. Ќе имате дури и потреба од паузи во врската. Мора да се потрудите да не бидете премногу негативни и да пронајдете начин да воспоставите рамнотежа. Дружбите со пријателите и дозволувањето на некои мали луксузи во секојдневието ќе ви го подобрат односот.

Ако сте слободни:

Ќе уживате во дружбите со пријателите и во еден миг ваш познаник ќе ве запознае со личност што ќе ви го пробуди интересот. Таа личност ќе има интересни предлози за заеднички дружби. Ќе се појават емоции од двете страни и подготвеност за усогласување на распоредите. Засега препуштете се на текот на работите.

С. С. | Црнобело

 



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg