Љубовен хороскоп за септември 2019: Овните - љубов со погрешна личност, Девиците - очајни по компромис

Љубовни маки или реализирање на љубовните соништа, што ви носат ѕвездите овој септември на емотивен план?

ljuboven-horoskop-za-septemvri-2019-ovnite-kje-se-zaljubat-vo-pogreshna-lichnost-vagite-kje-imaat-nezaboravni-migovi-so-partnerot-01.jpg

Какви љубовни карти ќе ви бидат поделени овој септември? Дали ќе блескате во љубовта или повторно ќе решавате стари проблеми?

Што ви носи почетокот на есента?

Овен

Ако сте во врска:

Со саканата личност ќе се согласувате околу заедничките цели, но ќе имате тешкотии во комуникацијата кога станува збор за финансиските прашања. Ќе криете нешто од партнерот, но тој ќе обезбеди докази против вас. Избегнувајте флерт и тајни врски, ако сакате да ја подобрите довербата во вашата врска.

Ако сте слободни:

Ќе имате разни афери, сплетки и разочарувања во љубовниот живот. Лесно ќе се заљубувате, но во погрешни личности. Ќе имате многу понуди за врски, но токму личноста што ќе ја изберете можно е да има паралелна врска. Дури крајот на септември ќе ви донесе шанса за вистинска љубов.

Бик

Ако сте во врска:

Ќе имате големи промени на поле љубов, а дел од нив позитивно ќе ви влијаат на врската. Отворено ќе разговарате на разни теми и ве очекуваат заеднички активности и интимни мигови. Врската ќе ви стане подинамична и конечно јасно ќе ги видите потребите на партнерот. Неопходно е отворен разговор за да си кажете што ви пречи во врската.

Ако сте слободни:

Во септември ќе ви биде потребна забава и само забава. Ќе трагате по личност со која можете да се опуштите и да уживате, без размислувања и планови за иднината. Еден ваш пријател е токму таков тип на човек, но преминувањето на границата со него може да ви донесе само разочарувања. Кон крајот на септември можно е средба со вистинската личност, која постојано ќе сака да биде во ваша близина.

Близнаци

Ако сте во врска:

Ова ќе ви биде променлив и нестабилен месец на поле љубов. Ќе бидете презафатени со приватните и професионалните обврски и тоа може да предизвика незадоволство кај вашиот партнер и семејството. Дополнителна тензија ќе ви предизвикуваат заедничките финансии. Дури кон крајот на месецот ќе преземете акција за подобрување на односот со партнерот.

Ако сте слободни:

Минливите авантури ќе бидат единственото нешто што ќе ве интересира во втората половина на месецот. Ќе почнете тајна врска со личност која е зафатена и ќе бидете под диктатура да правите сè по нејзина желба. По ова големо разочарување ќе бидете многу внимателни пред да дозволите кој било да ви се приближи.

Рак

Ако сте во врска:

Односите со саканата личност ќе ви минуваат низ мирен период и ќе бидете мотивирани на саканата личност да ѝ ги исполнувате желбите. Ќе уживате во долгите разговори за заедничките цели. Можни се мали кавги во втората половина од месецот поради несогласувањата околу распределбата на обврските во домот.

Ако сте слободни:

На почетокот од септември ќе имате ново познанство. Таа личност ќе ве фасцинира со изгледот, настапот и начинот на комуникација. Ќе почнете да се состанувате со неа и ќе ви изгледа како сериозен кандидат за долга врска. Сепак, не надевајте се премногу затоа што можни се разлики во ставовите за сериозни животни прашања.

Лав

Ако сте во врска:

Вашиот љубовен партнер во првата половина од месецот ќе ви помогне во подобрување на финансиите. Како резултат на ова ќе сакате да го изненадите со некој значаен подарок. Обидете се во вашата врска да внесете што поголем број на активности во кои двајцата уживате. Ќе ве оптоваруваат големите очекувања од вас од членовите на семејството, па побарајте помош и разбирање од партнерот.

Ако сте слободни:

Септември ќе ви донесе многу забава, излегувања и авантури, но на крајот тоа ќе резултира со повеќе несогласувања и незадоволства, отколку радост и среќа. Периодов ќе флертувате со две личности и нема да можете да согледате од самиот почеток дека правите грешка. Но, по претрпениот неуспех, ќе се исправите посилни од претходно и ќе изберете личност што ви изгледа искрено.

Девица

Ако сте во врска:

Ќе имате впечаток дека партнерот ве изневерува или крие нешто од вас и тоа ќе ја разниша вашата доверба и ќе ве направи конфликтна личност. Нема да можете да се договорите ниту околу домашните обврски. Партнерот ќе биде често отсутен и нема да ви обрнува внимание. По период на неизвесност конечно ќе пронајдете компромисно решение.

Ако сте слободни:

Ќе се вљубите до уши и ќе имате нагон да ја идеализирате таа личност. Нејзиниот шарм ќе ве заслепи и нема да обрнувате внимание на добронамерните совети од пријателите. Лудата авантура може да ви ја исцеди енергијата и да сфатите дека другите биле во право. Ќе барате личност што ќе ви изгледа како мирно пристаниште.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
Како да поканите маж на љубовен состанок, според неговиот хороскопски знак? Лавовите сакаат драма, па поканете го на состанок кога ќе биде опкружен со многу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg