Колку верува во хороскоп секој од знаците?

За некои астрологијата е забавна, за други претставува чиста измислица и будалаштина, додека трети силно веруваат во неа.

Kolku-veruva-vo-horoskop-sekoj-od-znacite-01.jpg

Колку вие верувате во хороскопот? Дали сте од оние кои не можат да го започнат денот без астролошките предвидувања или тие за вас се една огромна, смешна лага?

Откријте колку верувате во хороскоп според вашиот астролошки знак:

ОВЕН

Прилично малку се разбирате во астрологијата како наука, но верувате во неа бидејќи сте неверојатно љубопитни. Воедно, вие сте тип на човек кој ужива секојдневно да открива нови работи за себе, а астрологијата е одличен извор за ова. Дел од работите кои се однесуваат на вашиот знак си ги зачувувате во телефонот, за да може да ги анализирате подоцна.

БИК

Потајно се плашите од астрологијата и нејзините моќи за предвидување на нештата. Она што не го знаете е дека астрологијата всушност не е мистична, туку научна. Сепак, забавно ви е да го читате дневниот хороскоп повеќе отколку што сакате да признаете пред пријателите. Понекогаш и самите се зачудувате поради точните предвидувања поврзани со вашиот знак.

БЛИЗНАЦИ

Вие ја сакате астрологијата како наука, но сепак сметате дека Близнаците секогаш ги прикажуваат многу неправедно, со сите лоши стереотипи. „Секако дека не сме злобни, ние сме само лошо разбрани од другите“ е она што всушност си го мислите во себе додека го читате хороскопот.

РАК

Вие сте опседнати со хороскоп. Многу веројатно е дека некој досега ви има изработена натална карта или сте во план да го реализирате ова. Не само што уживате да го читате сопствениот хороскоп и силно верувате во него, туку најчесто им го читате хороскопот на глас и на сите околу вас. Оние коишто се смеат и не веруваат во астрологијата се обидувате да ги убедите во спротивното.

ЛАВ

Секако дека верувате во хороскоп. Што има за неверување, вие сте кралот на животните, кралот на Зодијакот, кој тврди дека сте самоуверени, силни и се одликувате со бујна, раскошна коса. И тука застанувате, кај позитивните карактеристики. Вие навистина немате време да се занимавате со вашите маани, ниту во реалниот живот, ниту во некаков си будалест хороскоп.

ДЕВИЦА

Вие не верувате дека астрологијата нуди одговор на сето она што сте. „Каква глупост, зарем на светот постојат само 12 типови на луѓе и тоа е сè?“ Воедно, го мразите хороскопот кој тврди дека сте опседнати со ред и чистота. Секако дека не чистите по цел ден. Денеска, на пример, потрошивте само 3 часа на средување на фиоката со чорапи.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Пораката што треба да ја слушнете од вашата помлада верзија, според астрологијата Рак – Можете да се грижите за другите без да ги мешате вашите емоции. Туѓата бол...

Најчитани неделава