Еден знак од кој треба да се држите подалеку, согласно вашиот хороскопски знак

Вага (од Рак)

Вие сте тип на знак кој сака сè да биде во умерени дози. „Златна средина“ е вашето мото, па затоа интензивниот карактер на Ракот може малку да ве излуди и да ве натера да се чувствувате непријатно.

Секогаш ќе имате чувство дека не правите доволно за партнерот и врската, и ова ќе направи да имате грижа на совест.

Скорпија (од Лав)

Колку и да имате заеднички работи со Лавот (а ги има навистина премногу), едноставно нема да успеете заедно. Вашата тврдоглавост е главната причина.

Премногу сте самоуверени, шармантни и харизматични, а и двајцата го сакате вниманието. На крајот ќе започнете да се натпреварувате еден со друг на многу нездрав начин, додека постојано се обидувате да го надминете партнерот на секое поле.

Стрелец (од Бик)

Бикот никогаш нема да го поддржи вашиот номадски начин на живот. Тие се перфекционисти и сакаат да ја планираат иднината. Вие пак живеете „ден за ден“.

Ќе се изморите слушајќи го Бикот кој ви дава совети како да си го живеете животот, иако вие мислите дека вашиот начин на живот е веќе совршен и нема потреба да го менувате.

Јарец (од Овен)

Надвор од работното место, навистина нема да се сложите на ниту една друга тема. Секогаш ќе постои недостаток на комуникација помеѓу вас двајцата.

Вие сте научени да си ја чувате приватноста, а Овните се премногу нетрпеливи. Двајцата сакате да ги завршувате работите на „свој начин“ и потребна ќе ви биде цела вечност да се отворите еден кон друг, а дотогаш чувствата ќе бидат „оладени“.

Водолија (од Скорпија)

Вие немате „влакна на јазикот“ и сте прилично бунтовни, што Скорпиите ве гледаат малку попреку поради ваквиот карактер. Скорпиите не простуваат лесно и навистина се грижат за тоа што мислат другите за нив, додека вие сте премногу слободоумни и безгрижни.

Додека вие ја прегрнувате сопствената необичност и не ви е гајле дали ќе испаднете будала пред некој друг, Скорпијата секогаш ќе се обидува да си ја зачува својата „репутација“ пред јавноста.

Риби (од Водолија)

Нема да може да се носите со ставовите и емоциите на Водолијата кои се менуваат како ветрот. Вие и онака сте премногу чувствителни и барате некој кој ќе ви обрнува внимание, ќе ги препознава вашите емоции и расположение, ќе разговара и ќе се грижи за вас.

Водолиите најчесто се губат сами во себе и не умеат да ве „прочитаат“, ниту да одговорат на вашите потреби.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Која домашна обврска најмногу му одговара на секој хороскопски знак? Лавови, вие обожавате да миете садови затоа што сте убедени дека никој не го пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg