Еден знак од кој треба да се држите подалеку, согласно вашиот хороскопски знак

Астрологијата ни нуди одговор на многу интересни прашања – кој од знаците е нашата потенцијална сродна душа, со кого сексот или пријателството ни оди најдобро… и секако – од кој знак треба да се држите подалеку.

Eden-znak-od-koj-treba-da-se-drzite-podaleku-01.jpg

Различностите можеби инстантно се привлекуваат, но исто толку брзо се разделуваат.

Од кој знак треба навистина да се држите подалеку, за да не се „изгорите“?

Овен (од Риби)

Вие сте премногу практични и немате навистина време да се занимавате со премногу чувствителните Риби. Потребно ќе ви биде многу време и волја со цел оваа врска да профункционира.

Но, вие сте и премногу нетрпеливи и многу зафатени со обврски за да го трошите своето време и потенцијал во врската која бара едноставно многу од вас.

Бик (од Близнаци)

Близнаците се премногу хаотични и гласни за вас. Вие посакувате непроменливост, стабилност и обожавате рутина. Близнаците за вас секогаш ќе бидат луѓе и партнери со кои ќе имате „полни раце работа“.

Вие едноставно сметате дека врската не треба да биде толку мачна за одржување. Седењето дома, удобно стуткани со убава храна и вино за вас е совршената петочна вечер, додека за Близнаците постои само еден поим за ова – луда забава.

Близнаци (од Девица)

Слично како и Биковите, и Девиците се исто така практични, ја сакаат рутината и времето кое го поминуваат сами со себе. Тие се исто така прилично затворени и резервирани кога станува збор за чувствата.

Вие сте сосема различни. Лесно ги изразувате чувствата пред секого, типични екстроверти сте и за вас Девиците се премногу тивки и здодевни.

Рак (од Јарец)

Вие сте еден од знаците кои најмногу покажуваат љубов, лесно се врзуваат за луѓето и партнерите, премногу сте грижливи и копнеете по романса и страст. Во состојва сте да го превртите светот наопаку во име на љубовта и сродната душа.

Јарците се „ладни“ во поглед на вас и потребно им е време да се поврзат со некого и да почнат да им веруваат. Вие едноставно немате трпение за сето ова. Ќе почнат да ве нервираат и постојано ќе се прашувате зошто си го губите времето со некој како нив. 

Лав (од Вага)

Премногу сте галантни, екстравагантни и имате превисоки барања за дипломат каква што е Вагата. Вие секогаш ќе се обидувате да ги истерате работите по свое, што е еден вид на игра и предизвик за вас, бидејќи тогаш најсилно блескате.

Потребен ви е многу пострастен партнер од мирната, балансирана и фер Вага. Вагата нема никогаш да ја сфати и прифати вашата потреба и желба да сте победник во сè.

Девица (од Стрелец)

Наједноставно кажано–вие сакате да го поминете целиот свој живот на едно место, а Стрелецот сака да го обиколи целиот свет. Двајцата одвај ќе најдете време да се видите поради различните распореди.

Вие сте методични, организирани и многу вредни. Веројатно и во овој момент работите, додека Стрелецот ја планира својата следна авантура и патување.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...

Најчитани неделава