Кој цитат најдобро ве опишува според хороскопскиот знак?

„Астрологијата е животниот еликсир за човештвото“ рекол Алберт Ајнштајн, а претставувала инспирација и за многу писатели, психолози, уметници и филозофи.

Koj-citat-najdobro-ve-opisuva-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Таа воедно ни го открива карактерот на секој од 12-те знаци, но дали сте се запрашале кој цитат најблиску ве опишува какви сте како личност? Пронајдете го својот хороскопски знак и прочитајте го својот цитат:

ОВЕН

Овните се силни, одлучни, амбициозни, луѓе од акција и лојални. Тие може да го остварат сето она што ќе го посакаат.

Цитат: „Јас сум господар на својата судбина. Ја сум капетан на својата душа“ – Вилијам Ернест Хенли.

БИК

Биковите се најстабилниот знак во Зодијакот. Смирени се и имаат неверојатна внатрешна сила. Никогаш со сигурно нема да знаете дали на Бикот му е навистина тешко, бидејќи тоа нема да го покаже тоа.

Цитат: „Тоа што нема да те убие, ќе те направи посилен“ – Фридрих Ниче.

БЛИЗНАЦИ

Ова е најдружељубивиот знак од сите 12. Близнаците се забавни, лесно се адаптираат кон нови ситуации, а секоја дружба со нив претставува вистинско задоволство.

Цитат: „Денот без смеа е потрошен ден“ – Чарли Чаплин.

РАК

Емотивни и сентиментални, Раковите се познати по своето нежно срце, но и по склоноста да избегаат кога работите ќе станат малку комплицирани. Тие се мудри, искрени и лесно простуваат.

Цитат: „На крајот се важни само три работи: Колку си љубел, колку си живеел нежно и колку грациозно си се откажал од работите кои не биле наменети за тебе“ – Буда.

ЛАВ

Лавовите се родени да владеат со светот. Тие се самоуверени, харизматични, бестрашни и уживаат во туѓото внимание.

Цитат: „Вашата љубов е прави посилен, а вашата омраза несопирлив“ – Кристијано Роналдо

ДЕВИЦА

Вистински аналитичари, многу прагматични, а решавањето на проблемите им е во крвта. Секогаш им излегуваат во пресрет на оние на кои им е потребна помош.

Цитат: „Денес не си живеел доколку не му помогнал на некого кој не може да ти ја возврати помошта“ – Џон Банјан

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg