Љубовен хороскоп за октомври 2019: Овните ќе имаат афера, Скорпиите ќе прават сплетки

ljuboven-horoskop-za-oktomvri-2019-ljuboven-horoskop-za-oktomvri-2019-ovnite-kje-imaat-afera-skorpiite-kje-pravat-spletki-001.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Ќе добиете поголемо внимание од саканата личност, па потрудете се да возвратите на грижата која ќе ви биде пружена. И на партнерот му е потребна ваша поддршка, па бидете тука, бидејќи во спротивно, ќе почувствува несигурност. Бидете отворени во разговорите на разни теми и заеднички носете важни одлуки. Во втората половина времето ќе си го исполните со повеќе романтични активности. На крајот на месецот внимавајте на несогласувањата.

Ако сте слободни:

Ќе почнете да гледате јасни знаци на флерт кои ќе ви бидат упатени од одредена личност на која ѝ се допаѓате. Ќе се заинтересирате за нешто повеќе, па ќе почнете да се гледате. На почетокот ќе ви годи забавата и вниманието, па набрзо ќе почнат да ви се јавуваат и чувства. Претераната посесивност може да ви смета, па ако не ја спречите, може да биде причина за раскинување.

Скорпија

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот можно е да имате сериозни конфликти заради работи кои сте ги криеле, а ќе излезат на виделина. Проблемите ќе бидат потешки за решавање, па ќе биде неопходно да се вложите максимално за да ја исправите грешката. Кон крајот на месецот ќе го подобрите односот и ќе водите долги и сериозни разговори како да ја надминете кризата.

Ако сте слободни:

Ќе се заљубите во личност која не е слободна и ќе размислувате како да ја „украдете“ само за себе. Ќе чувствувате љубомора и ќе сакате да правите сплетки. Отворено ќе се обидете да привлечете поголемо внимание користејќи ги слабостите на личноста која ви се допаѓа. Кога ќе сфатите дека немате шанси, ќе се откажете. Кон крајот на месецот ќе запознаете личност која има потенцијал за врска.

Стрелец

Ако сте во врска:

Избегнувајте да правите работи зад грбот на вашиот партнер и не кријте ништо и не се обидувајте да флертувате со други – ќе бидете откриени. И вие самите ќе бидете склони кон проверки на партнерот, па можеби ќе откриете нешто што нема да ви се допадне. Недовербата ќе доведе до напнатост, но до крајот на месецот искрените разговори ќе ја решат ситуацијата.

Ако сте слободни:

Ќе добиете понуда за тајна врска од личноста која подолго време ви се допаѓа. Страстите ќе спречат да размислувате разумно па ќе прифатите. На почетокот ќе биде како од бајка, но кон крајот на месецот ќе дојде до сериозни несогласувања и кавги. Можно е да откриете дека не сте единствени со кои личноста е во тајна врска.

Јарец

Ако сте во врска:

Ќе се потрудите да ги подобрите односите со саканата личност преку поинтензивни разговори. Полека ќе почнете да ги елиминирате работите кои на двајцата ви пречат и ќе почнете да ги ублажувате проблемите. Во втората половина на октомври ќе имате повеќе разбирање и ќе покажете иницијатива за повеќе да поминувате време заедно и за нови активности.

Ако сте слободни:

Обидот да се приближите на личноста која ве привлекува ќе ви донесе разочарување, бидејќи ќе откриете дека погрешно сте ја процениле. Ќе свртите нов лист и ќе почнете да се движите во нови кругови за да се потрудите да најдете некој со повеќе заеднички интереси. Кон средината на месецот ќе најдете личност која ќе ги исполнува критериумите. Набрзо ќе се зближите.

Водолија

Ако сте во врска:

Тајните кои сте ги криеле од партнерот ќе излезат на виделина и ќе ви донесат сериозни несогласувања. Партнерот ќе биде чувствителен и ќе треба повторно да се докажете и да пружите повеќе внимание. Кон крајот на месецот ве очекува подобрување на односите, а тоа ќе ви помогне да сфатите кои биле вашите грешки и во што лежи проблемот.

Ако сте слободни:

Ќе се чувствувате несигурно и нема да знаете дали да го направите првиот чекор. Ќе почнете да правите стратегии како да ја привлечете личноста што ви се допаѓа, но во меѓувреме ќе се случи пресврт и ќе бидете разочарани, па ќе се откажете од замислата. Во втората половина на месецот ќе запознаете забавна личност која ќе сака со вас да ги дели своите интереси и слободно време.

Риби

Ако сте во врска:

Време е да почнете повеќе да го планирате заедничкото време и на агендата да ставите романтично патување кое ќе внесе свежина во врската. Во меѓувреме можни се несогласувања околу плановите, но брзо ќе постигнете компромис. Во втората половина постојано ќе разговарате за идеи и предлози како да си го подобрите квалитетот на врската и комуникацијата. Ќе внесете повеќе забава и ќе си го исполните слободното време со заеднички активности.

Ако сте слободни:

Ќе „паднете“ на личност која не живее во близина, па времето можно е да го поминувате во допишување. На почетокот ќе бидете воздржани, но потоа ќе се впуштите во разговори како да се знаете цел живот. Иако условите не се идеални, сепак можно е ова да прерасне во нешто повеќе од обична виртуелна авантура.

M. M. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Годишен хороскоп за 2024: Овен Во 2024-та, Овните ќе имаат можност за значителен напредок на професионално поле...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Како да го задржите интересот на партнерот во врската, според хороскопот? Овен – Сакаат да бидат со некој што ќе ги предизвикува, ќе им биде партнер во ав...
Еден совет за секој хороскопски знак на почетокот од есента Риби - Есента ќе донесе нова магија во вашиот живот, па искористете го овој пери...
Љубовниот совет што ви е потребен овој Валентајн, според хороскопскиот знак Бикови, заборавете на љубовните болки од минатото и веднаш ќе забележите промена...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg