Овните не треба да подигнуваат кредит, Девиците да внимаваат на пораките што ги пишуваат - Ретроградниот Меркур настапува во полна сила

ВАГА

Меркур ќе биде насочен кон второто поле на финансиите кај Вагите. Обидете да го исклучите сето размислување и сите планови поврзани со работата и парите. Тие може да изостанат или да доцнат, а никако не ви се препорачува да вложувате пари некаде или во нешто.

Не брзајте со одлуките, бидејќи многу подобар период ви следува после 20 ноември па натаму. Вие секако се соочувате со многу тежок период и покрај ретроградниот Меркур поради поставеноста на другите планети. Внимавајте на договорите што ги потпишувате и начинот на кој комуницирате.

СКОРПИЈА

Веќе погодувате – ретроградниот Меркур кај вас транзитира во првото поле. Кај вас ќе биде изразена огромната љубопитност, а во преден план ќе избие и вашето его.

Вие секогаш се ставате себеси на прво место и вашето мислење е насочено само кон сопственото ЈАС. Бидејќи сте одлични оратори, во овој период треба да внимавате како се изразувате, бидејќи јазикот ќе ви биде побрз од паметот.

Вашата силна интелигенција може да биде во нерамнотежа поради ретроградниот Меркур. Но, поединечни Скорпии ќе им пристапат сосема смирено и рационално на соговорниците.

СТРЕЛЕЦ

Ретроградниот Меркур се движи во вашето дванаесетто поле на психата, мистеријата, духовноста. Многу Стрелци може да бидат прилично таинствени во овој период, а Меркур може да им открие долго чувана тајна.

Некои луѓе може да имаат психијатриски проблеми. Најдобро е да побарате професионална помош, да се смирите и да се повлечете во овој лош период.

ЈАРЕЦ

Единаесеттото поле е задолжено за пријателите, здруженијата, заедниците, пензиите, клубовите, надежите, желбите и плановите ќе биде погодено од ретроградниот Меркур кај вас.

Ова е период во кој ќе се спроведуваат разни договори и преговори. Доколку планирате да формирате некаква група или здружение, слободно работете на тоа, но официјализирајте го дури по 20 ноември.

Може да имате проблеми со пријателите, дури и да бидете дел од некои скандали. Избегнувајте каква било форма на критика, цинизам, непрактичност. Вашите пријатели се многу важни за вас, затоа чувајте ги во овој период.

ВОДОЛИЈА

Ретроградниот Меркур поминува низ вашата десетта куќа на кариерата, самохраните родители и авторитетот.

Вие ги канализирате вашите размислувања за тоа како да стигнете до таму и да стекнете повисока позиција и успех. Борбата во мислата е за тоа како да го задржите вашето внимание додека зборувате и да им ги пренесувате своите знаења и вештини на другите.

Потребно е дополнително да внимавате ако сте во некои преговори кои се однесуваат на вашата кариера. Избегнувајте го фалењето дека другите можеби не ги користат вашите одлични идеи.

РИБИ

Меркур транзитира низ вашето деветто поле кое е задолжено за високото образование, филозофијата, религијата и работите кои се одвиваат во странство или поврзани со странци.

Треба да ги одложите патувањата, да внимавате на деловното работење или пак доколку имате испити за полагање. Доколку се појавува некој лош аспект во наталната карта, тогаш можни се и проблеми со роднините, па затоа избегнувајте судири од секаков вид.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Годишен хороскоп за 2024: Овен Во 2024-та, Овните ќе имаат можност за значителен напредок на професионално поле...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Годишен хороскоп за 2024: Рак Во 2024-та ќе имате можности за дополнителна заработка, но и непланирани трошоци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg