Овните не треба да подигнуваат кредит, Девиците да внимаваат на пораките што ги пишуваат - Ретроградниот Меркур настапува во полна сила

Ретроградниот Меркур стана синоним за сè што тргнува наопаку во нашите животи. Но, астрологијата тврди дека нема ништо смешно во ова. Подгответе се, ретроградниот Меркур ќе биде активен во наредниот период.

Retrogradniot-Merkur-nastapuva-vo-polna-sila-01.jpg

Доколку ништо не ви тргнува од рака, расеани сте или постојано губите работи, можеби небесното тело оддалечено 48 милиони милји од Земјата е главниот виновник. Ретроградниот Меркур се јавува три пати годишно, а последната фаза во 2019 година почнува на 31 октомври и ќе трае до 20 ноември.

Бидете многу внимателни доколку потпишувате нешто, продавате, купувате, доколку сакате да завршите нешто побрзо по „скратен пат“ и сл. Најдобро е да завршите со сите обврски до 31 октомври.

Еве како овој период ќе влијае на секој знак поединечно:

ОВЕН

Меркур ќе транзитира низ осмото поле, затоа бидете подготвени за многу комуникација. Многу Овни ќе бидат дел од ситуации кои дополнително ќе ги мотивираат. Трансформацијата е речиси сигурна, ќе завршите многу стари работи и ќе започнете со планирање на нови проекти.

Сепак, ова не е погодно време да управувате со нечиј туѓ имот или финансии или пак да подигнувате кредит. Контролирајте се, бидејќи може да ви се случат жестоки кавги во спротивно. Личностите кои се занимаваат со политика треба да внимаваат кога комуникацијата е во прашање.

БИК

Меркур ќе транзитира низ седмото поле кое ги опфаќа односите со партнерот. Но сеедно, треба да имате осет генерално за луѓето околу вас.

Многу Бикови може да имаат недоразбирања. Во овој период потребна е искреност и почитување во врската, бракот или односите на работното место. Некои Бикови може да имаат проблеми во јавноста, додека другите луѓе им шепкаат невистини во увото.

Најголемата негативна работа што ќе ја предизвика ретроградниот Меркур се кавгите со најблиските, но имајте во обѕир дека брзо ќе се смирите.

БЛИЗНАЦИ

Меркур ќе помине низ вашето шесто поле, полето на секојдневните обврски, здравјето, а бидејќи сте управувани токму од оваа планета, треба да бидете особено внимателни кон овие работи.

Не се препорачува да купувате нешто ново и големо. Некои ситуации може да ви предизвикаат големи грижи и стрес, што ќе го нарушат вашето здравје.

Ова особено лошо ќе се одрази врз менталното здравје, ќе почувствувате внатрешен немир и нервоза. Генерално, ќе станете многу повеќе свесни за делот кој е насочен кон интелектуалниот труд.

РАК

Кај вас Меркур ќе се движи ретроградно низ петтото поле – на децата, љубовта, задоволството и креативноста.

Многу Ракови ќе бидат презафатени со своите деца во овој период, додека некои ќе ѝ се насочат на љубовта. Сè што сте планирале најдобро е да го остварите пред 31 октомври или после 20 ноември.

Меркур во овој период ќе ви ја „отвори устата“ без никаква цензура, па доколку сте лути или сакате да ги израмните сметките и да сте на чисто, внимавајте да не се испокарате со партнерот или децата.

ЛАВ

Логично, Меркур ќе се движи низ вашето природно, четврто поле на семејството, мајката и домот.

Многу Лавови ќе бидат заинтересирани за мајката, семејството, блиското и подалечното. Можеби ќе настанат некои промени поврзани со нови почетоци кога станува збор за семејството.

Некои лаги конечно ќе ја видат светлината на денот. Сега не е времето за купување или продавање на недвижен имот. Можни се ненадејни гости. Некои Лавови може да патуваат некаде или да направат нешто надвор од домот. Избегнувајте расправии со семејството.

ДЕВИЦА

Меркур ќе транзитира низ вашата трета куќа, во којашто и самиот е владетел. Внимавајте добро на пораките коишто ги пишувате, мејловите, односно на целата електронска кореспонденција. До 31 октомври треба да завршите со сите преговори и потписи за работите коишто ги планирате.

Можно е да направите грешки, да доцните, да пробиете некои рокови и да ги поместите. Дел од Девиците ќе имаат немир во душата и проблеми со нервите, откако ќе сфатат дека дел од нивните жртвувања немаат речиси никаква поента.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Годишен хороскоп за 2024: Овен Во 2024-та, Овните ќе имаат можност за значителен напредок на професионално поле...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Годишен хороскоп за 2024: Рак Во 2024-та ќе имате можности за дополнителна заработка, но и непланирани трошоци...
Како да го задржите интересот на партнерот во врската, според хороскопот? Овен – Сакаат да бидат со некој што ќе ги предизвикува, ќе им биде партнер во ав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg