Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Љубовен хороскоп за ноември 2019: Лавовите ќе привлечат личност со која работат, Скорпиите ќе влезат во тајна врска

ljuboven-horoskop-za-noemvri-2019-lavovite-ke-privlecat-licnost-so-koja-rabotat-skorpiite-ke-vlezat-vo-tajna-vrska-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Во првата декада, месец ноември ќе ви донесе голем немир во односите со саканата личност. Несогласувањата ќе настанат поради недоволна организација на заедничкиот живот и простор, но и околу распределбата на обврските. По чести вербални пресметки, заедничко решение ќе најдете кон средината на месецот.

Втората половина, посебно третата декада, повторно ќе ви донесе тензии, главно поради финансиите. Ќе имате спротивни идеи и замисли, па освен ако не сакате да ја прекинете врската, ќе мора да се жртвувате за нејзино опстојување.

Ако сте слободни:

Личноста која ви се допаѓа и на која планиравте да ѝ го привлечете вниманието, нема да ви обрнува внимание. Наместо тоа ќе почне да се гледа со друга личност која вие ја доживувате како ривал. Тоа ќе предизвика голема љубомора, па внимателно со сцените и кавгите.

До крајот на месецот ќе бидете пријатно изненадени од сосема трета личност која по секоја цена ќе се обидува да ве освои. Можно е променливо расположение, но од него не смее да ви зависат љубовните одлуки.

Скорпија

Ако сте во врска:

Почетокот на ноември ќе ви донесе хармонија во емотивните љубовни односи. Ќе бидете во можност да го подобрите квалитетот на интимноста и поврзаноста. Не се плашете да му исполнувате желби на партнерот. Ова е поволен период за решавање на минатите несогласување.

По 14-ти ноември ќе бидете склони кон флерт и влегување во тајни врски или блиски односи, па вашиот партнер ќе ја забележи вашата неискреност. Тоа ќе предизвика конфликти. За среќа, по 24-ти ноември занесот ќе се смири и ќе имате втора шанса да ги обновите односите со саканата личност. Во спротивно, ќе раскинете.

Ако сте слободни:

На самиот почеток на месецот ќе ви се понуди шанса за емотивна врска со лице со кое подолго време сте во контакт и ви се допаѓа. За жал или среќа, набрзо потоа ќе ви се пружи уште една шанса, но од личност која ќе биде заинтересирана исклучиво за физичка поврзаност.

Може лесно да ви се случи месецов да влезете во паралелна врска, но имајте предвид дека втората шанса ќе биде минлива. Внимателно размислете што ризикувате и што губите.

Стрелец

Ако сте во врска:

Почетокот на ноември ќе ви донесе појачана страст, на која партнерот ќе реагира со воодушевување. Ќе имате многу шанси да ги решите недоразбирањата од минатото и така ќе ја подобрите комуникацијата во врската.

Во втората половина од месецот ќе бидете поотворени, попромислени и искрени, па некои идеи за заедничкото функционирање кои порано ви се чинеле невозможни, сега ќе имате шанса да ги предложите и реализирате. Очекувајте месец исполнет со интимни моменти во пар.

Ако сте слободни:

Ќе чувствувате зголемен оптимизам и ќе излегувате повеќе од вообичаено, ќе се гледате со пријатели, ќе запознавате нови луѓе. Комуникативноста ќе ве поврзе со интересни соговорници и истомисленици.

Со својата ведрина ќе привлекувате внимание на секое излегување. Така и ќе привлечете личност која ќе ви ги исполни сите очекувања во љубовта. До крајот на месецот ќе бидете во врска, но само ако добро ги размислувате своите постапки и зборови.

Јарец

Ако сте во врска:

Благодарение на големата желба за љубов и страст, ова е месец во кој конечно ќе дојдат до израз вашите квалитети и способности. Повеќе време ќе поминувате со партнерот, па тоа ќе ви ја подобри комуникацијата. Ќе имате доволно разбирање меѓусебно, па не се плашете да се спротивставите за подобро да се разберете.

Втората половина од месецот ќе ви биде динамична и полна со активности, па ова е поволен период да ги реализирате плановите кои ги имате како пар. Можно е да се спомене и заедничко живеење.

Ако сте слободни:

Со своите стабилни ставови и начинот на кој им пристапувате на познаниците, ќе привлечете личност која е премногу емотивна по природа, креативна и со широки погледи на светот. Можеби ќе ви делува необично, но токму тоа и ќе ве привлече.

По запознавањето ќе откриете дека таа личност има потреба од вас, за да ѝ помогнете да разреши некои животни проблеми. За возврат, ќе ви ги разбуди емоциите и ќе ви внесе динамика во секојдневието. Кон крајот на месецот спонтано ќе започнете зачестено да се гледате.

Водолија

Ако сте во врска:

Околу 8-ми ноември ќе чувствувате зголемена стабилност во љубовната врска, како и поголема потреба за заеднички романтични моменти со партнерот. Потрудете се да ги остварите овие желби, за да не се претворат во незадоволство. Ова е добар период и за затоплување на комуникацијата.

Во втората половина од месецот лесно ќе ги решавате несогласувањата, па ова ќе биде поволен период за кроење на нови заеднички планови. По 22-ри ноември ќе започнете со интензивни дружби со заеднички пријатели.

Ако сте слободни:

Иако сакате да бидете самостојни и слободни и иако сте склони на врски без обврски, овој месец ќе имате силна потреба да влезете во некоја стабилна емотивна врска која има долгорочен потенцијал.

Ќе ви се пружи шанса за таква врска кон средината на месецот и многу брзо ќе почувствувате дека сте ја запознале сродната душа. Кон крајот на месецот веќе ќе бидете во складна врска. Но, за истата да опстои ќе мора повнимателно да го организирате времето.

Риби

Ако сте во врска:

На почетокот на месец ноември ќе бидете способни да ги надминете сите несогласувања со саканата личност. Лесно ќе се прилагодувате еден на друг и ќе успеете да се договорите за работите за кои инаку имате спротивни мислења и ставови. Тоа ќе ви ја подигне врската на ново ниво.

Втората половина од месецот ви носи многу повеќе дружби и забави. Речиси и да немате недоразбирања, овој период ќе биде одличен за исполнување на желбите на партнерот, без тоа да ви претставува обврска. Сите сериозни планови преместете ги за овој период.

Ако сте слободни:

Ќе бидете поактивни од вообичаено и со задоволство ќе ја преземете одговорноста како организатор. Откако ќе ѝ дозволите на вашата забавна страна да излезе на површина, ќе запознаете човек со кој ќе доживеете љубов на прв поглед. Ќе ве привлече со комуникацијата и интелигенцијата.

Многу брзо ќе влезете во интимни односи, без да размислувате. За среќа, тој потег нема да биде погрешен и ќе иницира разговори за продлабочување на односот. Мудар избор ќе направите ако отворено признаете дека сте еден за друг.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
5 хороскопски знаци кои никогаш не даваат втора шанса Гордоста е она што не им дозволува на Лавовите да простат и да дадат втора шанса...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg