Љубовен хороскоп за ноември 2019: Лавовите ќе привлечат личност со која работат, Скорпиите ќе влезат во тајна врска

Дали љубовта ќе ви се насмевне токму во претпоследниот месец од оваа година?

ljuboven-horoskop-za-noemvri-2019-lavovite-ke-privlecat-licnost-so-koja-rabotat-skorpiite-ke-vlezat-vo-tajna-vrska-01.jpg

Ноември на некој ќе му донесе прекин на врската, а на многу од знаците и нови љубовни почетоци.

Што ве очекува во ноември на поле љубов?

Овен

Ако сте во врска:

На самиот почеток од месец ноември ќе почувствувате поголема радост и оптимизам во односот со саканата личност. Ќе бидете во можност заеднички да отпатувате. Кога и да има потреба, покажете му на партнерот поддршка. Уживајте во слободното време заедно, не подвоено.

Но, веќе кон 14-ти ноември очекувајте љубовни заплети, бидејќи ќе откриете нешто што вашиот емотивен партнер криел од вас. За среќа, брзо ќе се смирите и ќе сфатите дека проблемот е мал и минлив. Крајот на месецот ќе ви донесе повторно стабилизирање.

Ако сте слободни:

Ве очекува познанство со личност од странство, со која ќе започнете интензивна комуникација на далечина. На почетокот ќе биде тоа од чиста љубопитност, но малку подоцна ќе откриете дека делите многу заеднички интереси.

Во третата декада од месецот ќе ви се пружи шанса да се видите во живо и да одите на викенд патување. Шансите за сериозна, емотивна врска по средбата се вистина големи.

Бик

Ако сте во врска:

Околу 5-ти ноември очекувајте бран несогласувања и можни кавги со саканата личност. Ќе има многу работи за кои нема да се сложувате, но никој нема да попушти. На почетокот ќе имате импулсивни реакции, а потоа ќе дојде до заладување на односите.

По 12-ти ноември ве очекува подобрување на ситуацијата, но само ако сте решени да направите компромис. Немирите повторно ќе се вратат кон крајот на месецот, кога истите може да завршат со прекин на врската.

Ако сте слободни:

Страста ќе ви биде појачана и тоа ќе ве одведе до авантура со личност која само физички ве привлекува. Освен за физички однос, нема да можете да размислувате и разговарате за ништо повеќе, бидејќи нема да се сложувате.

Вашиот однос ќе биде тензичен и поради еротскиот набој може да дојде до жестоки кавги и непријатни сцени. Кон крајот на месецот ќе ја прекинете оваа врска и ќе ви дојде како олеснување. Потоа, треба да поминете одредено време сами.

Близнаци

Ако сте во врска:

Ноември генерално ќе ви донесе подобрување на односот со саканата личност. Ќе имате доволно време и иницијатива за заеднички активности. Вашиот партнер ќе биде позитивно изненаден од вниманието кое ќе му го посветувате. На тој начин врската ќе стане похармонична и продлабочена.

Кон 12-ти ноември можни се потешкотии при организирање на заедничкото време, а вашиот партнер ќе биде склон на сомнежи дека нешто криете. За среќа, тоа ќе трае кратко, па крајот на месецот ќе ви донесе остварување на заедничките цели.

Ако сте слободни:

Почетокот на ноември ќе ви донесе познанство од далеку, во кое ќе почувствувате обострани симпатии и ќе откриете многу заеднички интереси. Без оглед на тоа што не живеете на исто место, ќе го продолжите контактот.

Можно е да учествувате и во некој проект, па да ја помешате работата со задоволството. Ќе биде во мала неизвесност на каде води овој однос, но набрзо ќе ви се пружи шанса за стабилна врска.

Рак

Ако сте во врска:

Почетокот на ноември ќе ви донесе остварување на една заедничка цел со саканата личност. Стабилноста ќе биде тука, како и согласувањето на желбите во пар. Со партнерот ќе се чувствувате исполнето и ќе бидете приврзани еден за друг.

Повеќе од вообичаено ќе разговарате и ќе размислувате што можете да постигнете заедно. Покрај тоа што ќе ја подобрите комуникацијата, можно е да дојдете и до посериозни одлуки за иднината.

Ако сте слободни:

Ноември ќе ви донесе повеќе шанси за стабилна емотивна врска која ќе се покаже како стабилна и ќе трае долго. Ќе запознаете некој преку заеднички пријател, со кој ќе остварите контакт и ќе доживеете љубов на прв поглед.

Набрзо ќе почнете да се гледате интензивно и ќе сфатите дека се согласувате на многу полиња. Брзо ќе се вљубите. Нема потреба да лажирате емоционална дистанца.

Лав

Ако сте во врска:

Во првата декада на ноември ќе бидете посветени на семејството и домашните обврски или пак ќе ѝ помагате на саканата личност со семејните обврски. Со заеднички сили ќе го подобрите начинот на живот. Ќе го зголемите заедничкиот буџет.

Втората половина на месецот ќе ви донесе складен однос и на секој чекор, за секоја идеја ќе наидувате на поддршка. Ќе имате доволно идеи и иницијатива за заедничко поминато време.

Ако сте слободни:

Ќе привлечете личност со која ќе се запознаете благодарение на заеднички деловни активности. На почетокот таа личност ќе биде повлечена и нема да напаѓа, но спонтано ќе започнете разговор кој ќе ве натера да сфатите дека ви одговара близината.

Ќе почнете да се гледате приватно, па дури и малку тајно, повремено да излегувате, но далеку од очите на другите. Кога ќе ја почувствувате поврзноста, крајот на месецот ќе ви донесе почеток на складна врска.

Девица

Ако сте во врска:

Во текот на ноември ќе има потреба повеќе да ѝ се посветите на саканата личност и да разговарате на важни, но и опуштачки теми. Тоа значително ќе ве зближи. Ќе знаете како да се поставите во секоја прилика, што партнерот многу ќе го цени.

Не ги кријте идеите и иницијативите за делење на заеднички простор и поголема близина во секојдневието. Со саканата личност поминете поголем дел од времето, бидејќи тоа ќе ви ја враќа енергијата.

Ако сте слободни:

Ќе бидете поканети на забава која ќе се одржува подалеку од вашата комфорна зона. На таа забава ќе запознаете личност која ќе ве привлече со својата ведрина и отворениот пристап.

Ќе дојде до будење на обострани емоции, па контактот ќе продолжи во текот на наредните недели. Не глумете недостижни и поминете повеќе личност со ова лице.

Останатите знаци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
5 хороскопски знаци кои никогаш не даваат втора шанса Гордоста е она што не им дозволува на Лавовите да простат и да дадат втора шанса...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg