Опасни парови во зодијакот: Дали сте во некоја од овие комбинации со партнерот?

Љубовта никогаш не е лесна, но некои луѓе ги избегнуваат луѓето за кои знаат дека нема да им одговараат, додека некои луѓе ги привлекуваат токму спротивностите. 

opasni-parovi-vo-zodijakot-dali-ste-vo-nekoja-od-ovie-kombinacii-so-parnerot-01.jpg

Кога работите се комплицирани, тие се повеќе заинтересирани. 

Во врските кои не се совпаѓаат според хороскопскиот знак треба да се вложи многу повеќе труд.

Дали сте и вие во некоја од овие „опасни“ комбинации?

Рак - Близнаци

За да преживее, Ракот треба да престане да биде конзервативен кога станува збор за љубов, брак и семејство, и не треба да ја промовира својата ранливост.

Од друга страна, Близнаците мора да ја задржат својата жива природа.

Рак - Вага

Овие знаци треба да се почитуваат меѓусебно, и да разберат дека се еднакви во врската.

Добрата работа е што тие никогаш нема да кријат едни од други што им пречи, туку заедно ќе се обидат да најдат решение за сите проблеми.

Рак - Водолија

Кога Водолијата конечно ќе се обиде да ги разбере патријархалните животни принципи на Ракот, како и недостаток на желба за поголеми промени, и кога Ракот ќе сфати дека Водолијата навистина се грижи, двајцата ќе бидат на вистинскиот пат.

Скорпија - Близнаци

Ако сакаат да имаат успешна врска, Близнаците треба да го намалат флертувањето, инаку Скорпијата ќе „полуди“ од љубомора.

Од друга страна, Скорпијата треба да сфати дека Близнаците ја сакаат и покрај тоа што не поминуваат 24 часа заедно.

Скорпија - Вага

Скорпијата треба да ја контролира својата страсна природа и потреба од драма, бидејќи Вагата ќе се обиде да избегнува конфликти.

Исто така, Вагата треба да разбере дека нејзиното повремено флертување со други луѓе може да предизвика љубомора кај Скорпијата.

Opasni vrski na zodijakot 02

Скорпија - Водолија

И двајцата имаат силни личности, а кога конечно ќе ги надминат разликите и ќе ја потиснат тврдоглавоста, ќе започнат да функционираат заедно.

Пред сè, тие се најдобри пријатели и се разбираат совршено, а потоа се и страсни љубовници.

Риби - Близнаци

Тие можат да бидат идеален пар ако не се обидат да го „задушат“ детето едни во други.

Близнаците треба да разберат дека треба да се фокусираат повеќе на партнерот, а Рибите не треба да ги задушуваат со постојана грижа, бидејќи истото ќе го исплаши Близнакот кој е полн со живот.

Риби - Вага

Екстремно романтична комбинација заснована врз заемно почитување.

Дури и кога се соочуваат со големи проблеми, ќе сторат сè што можат да го спасат она што го создале заедно.

Риба - Водолија

Двајцата можат да ги надминат сите свои разлики благодарение на толеранција и искрена желба да се слушнат и советуваат.

Романтичните Риби ќе направат сè за да го стопат мразот од срцето на Водолиите.

Бик - Овен

Вистинска комбинација на љубов и страст, каде Бикот не треба да претерува со својата мрзеливост, затоа што го „убива“ Овенот, кој е енергичен по природа.

Овенот треба да обезбеди многу романса и понекогаш да забави за да остане во чекор со темпото на Бикот.

Opasni vrski na zodijakot 03

Бик - Лав

Можеби нивните ставови се разликуваат во многу работи, но сè додека веруваат едни во други, нема да имаат проблеми.

Тие мора да научат да комуницираат отворено, без обид за контрола. Кога ќе го разберат ова, ќе бидат незапирливи во остварувањето на нивната среќа.

Бик - Стрелец

Кога Стрелецот ќе сфати колку му е потребна стабилност и издржливост на Бикот, и кога Бикот ќе престане да го потиснува авантуристичкиот дух на Стрелецот, сè ќе биде добро.

Девица - Лав

Тие наоѓаат безбедност и доверба едни во други.

Лавот е заштитникот на Девицата, а Девицата го фали Лавот каде и да оди.

Лавот треба да се откаже од својата театралност што Девицата не може да ја поднесе.

Девица - Стрелец

Оваа двојка е отворена за компромис и промена, бидејќи се свесни дека ова е единствениот начин нивната љубов да преживее.

Затоа Стрелецот треба да внимава на неговата авантуристичка природа, бидејќи Девицата бара стабилност.

Јарец - Лав

Јарецот иницира промени во врската, а Лавот е таму за да го поддржи во ова.

Сепак, понекогаш е потребно Лавот да го намали својот социјален живот на разумно ниво, бидејќи на Јарецот му треба повеќе заедничко време.

Јарец - Стрелец

Помеѓу дваата знака има силна физичка привлечност која на крајот се претвора во вистинска љубов.

Пријателството и посветеноста едни на други е она што ги одржува заедно.

Стрелецот мора да му даде доволно простор на Јарецот, а Јарецот треба да прифати дека Стрелецот има многу интереси што не го вклучуваат и него.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg