Љубовен хороскоп за февруари 2020-та: Биковите ќе почнат со заеднички планови, Близнаците ќе сакаат кратка авантура

Како ќе го поминете месецот на љубовта? Дали ќе се согласувате со партнерот, или постои можност да ги „заладите“ односите?

ljuboven-horoskop-za-2020-bikovite-kje-pochnat-so-zaednichki-planovi-bliznacite-kje-sakaat-kratka-avantura-01.jpg

Дали ќе ја најдете вашата сродна душа, или сè уште ве интересираат само кратки авантури? Астрологијата го има одговорот на вашите прашања.

Погледнете што ве очекува во љубовта овој февруари:

Овен

Ако сте во врска

Уште на почетокот од месецот можно е да ви се исполни заедничка желба со партнерот. Она во коешто сте вложиле многу труд, конечно ќе ви даде некаков резултат. Месецов ќе имате многу интимни моменти кои дефинитивно ќе ја подобрат врската. Можно е да се појават несогласувања во врска со заедничките финансии, бидејќи имате некои различни ставови. Овој февруари ќе се разгори страста во врската, но може да предизвика и љубомора кај некој од вас.

Ако сте слободни

Почетокот на месецот ќе ви донесе нови познанства, од кои ќе се истакне практична и амбициозна личност со стабилен карактер. Привлечноста ќе биде обострана и можно е веднаш да започнете романса. Сепак, веројатно ќе барате премногу, а вашата страст ќе биде преголема. Ова, пак, го зголемува ризикот од несогласувања. До крајот на месецот ќе се обидете да се адаптирате еден на друг. Ако не успеете, на романсата ќе ѝ дојде крајот. 

Бик

Ако сте во врска

Во првата половина од февруари односот со партнерот ќе биде исполнет со меѓусебно внимание. Ќе ја подобрите комуникацијата и ќе успеете да го мотивирате партнерот да се вклучите во некоја заедничка активност. Ќе имате исти размислувања за разни теми, а ќе почнете да правите и поголеми заеднички планови. Во втората половина од февруари ќе ви се укаже можност да одите на патување кое ќе ви помогне да ја зајакнете врската.

Ако сте слободни

Вашата заинтересираност за романтична врска ќе биде помала од вообичаено. Воглавно ќе ви годи самотијата, а одвреме-навреме ќе сакате да се видите само со пријателите. Сепак, во средината од месецот ќе запознаете личност што ќе ве привлекува, но и која ќе ви каже дека ѝ се допаѓате. Ќе имате слични ставови и очекувања и брзо ќе се зближите. Можно е да започнете и нова врска. 

Близнаци

Ако сте во врска

Ќе чувствувате потреба да најдете некоја заедничка активност со партнерот. За среќа, за ова ќе ја имате неговата поддршка. Најдоброто е што нема да ѝ дозволите на врската да стане монотона. Ќе разговарате за она што ви пречи и ќе барате начин да го поправите тоа. Веројатно ќе ѝ исполните голема желба на саканата личност. Само, можно е да се појават недоразбирања за финансиите, но и вашата склоност кон флертување со други.

Ако сте слободни

Постојано ќе бидете во движење и ќе се забавувате со пријателите. Повеќе ќе ве интересираат авантурите за една ноќ, отколку сериозна врска. Веројатно ќе ве привлекува личност која живее во друг град, а која ќе ја запознаете кон средината на февруари. Можно е да започнете кратка романса и да се обидете да одржите врска на далечина. Доколку ѝ припаѓате на постарата генерација, можно е да се појави личност заинтересирана за вас. Сепак, вие повеќе сакате врска без обврски.

Рак

Ако сте во врска

Голема е веројатноста уште на почетокот од месецот да ви се исполни некоја голема желба, но и да ви се подобри односот со партнерот. Периодов, врската ќе биде стабилна и со партнерот ќе си го давате потребното внимание. Истовремено, ќе почнете да се фокусирате на заедничките планови и желби. Кон средината на месецот партнерот ќе покажува поголема страст, а ова навистина ќе ви годи. Ако одите на патување во февруари, дефинитивно ќе си поминете незаборавно.

Ако сте слободни

Ќе запознаете неколку личности кои живеат во друга држава, а една од нив навистина ќе ви го привлече вниманието. Привлечноста ќе биде обострана, па голема е веројатноста да започнете и сериозна врска. Далечината нема да ви пречи и ќе најдете начин да ја одржите врската. 

Лав

Ако сте во врска

Ќе обрнете посебно внимание на потребите на партнерот. Сепак, и вам ќе ви биде потребна поддршка од партнерот и чувство дека сте сакани. Партнерот ќе покаже поголема иницијатива за заеднички активности, а ова навистина ќе ви годи. Кон крајот од месецот можно е да остварите некоја заедничка цел, но и да ја освежите вашата врска. Истовремено, ќе ја подобрите и вашата комуникација. Кон крајот на месецот можно е да бидете љубоморни, но нема никаква причина за тоа.

Ако сте слободни

На почетокот од месецот ќе имате можност да започнете сериозна врска со личност која сте ја запознале неодамна. Во оваа врска можно е да ви недостасува топлина, но сепак ќе биде заснована на вашите слични ставови и цели. Добро ќе се разбирате и набрзо може да се роди и љубов. Постарите Лавови ќе бидат привлечени од повлечена и сериозна личност. Најверојатно ќе ѝ оставите убав впечаток и ќе се зближите многу брзо.

Девица

Ако сте во врска

Месецов очекувајте стабилност и согласување со партнерот. Ќе имате повеќе време за заеднички моменти и забава. Сепак, мора да поработите на комуникацијата бидејќи ќе се појават некои недоразбирања. Привремено може да се појави и љубомора. Во втората половина од месецот ќе остварите некоја заедничка цел, а ова ќе ви го подобри односот. И двајцата ќе се чувствувате среќно и исполнето.

Ако сте слободни

Почетокот на месецот ќе ви донесе познанство со личност која веднаш ќе почне да ве привлекува. Ќе откриете дека имате многу заеднички нешта, па можно е да се роди и љубов. Како и кај секоја нова врска, веројатно ќе ја идеализирате оваа личност, но нема да се разочарате. Ако започнете врска, има потенцијал да биде сериозна. Ако сте постари, можно е да запознаете личност која ќе ја гледате како ваша сродна душа. Ќе ви се случат многу неочекувани, но убави работи.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg