Љубовен хороскоп за март 2020-та: Биковите да ги намалат критериумите, Девиците да ги избегнуваат лагите

Што можете да очекувате овој март на поле љубов? Ќе ги остварите заедничките цели или ќе им се навратите на проблемите од минатото?

ljuboven-horoskop-za-mart-2020-ta-01.jpg

Ќе ја пронајдете ли вашата сродна душа или никој не може да ги исполни вашите критериуми?

Погледнете што ве очекува во љубовта овој март:

Овен

Ако сте во врска

Почетокот на март може да ги залади односите со партнерот – нема да можете да се согласите околу заедничките цели. Но, веќе во втората недела од месецот ќе бидете мотивирани да внесете нешто ново во врската, па ве очекуваат позитивни промени. Партнерот со восхит ќе ги прифати вашите предлози. Во втората половина од месецот ќе уживате во многуте романтични моменти. Можно е и да му подарите нешто значајно на партнерот.

Ако сте слободни

Во првата декада од месецот ќе имате непланирана средба со атрактивна личност со многу интересни идеи. Веднаш ќе ве привлече и со разговор навистина ќе се зближите. До крајот на месецот можно е да започнете и врска, која ќе биде полна со страст, динамика и искрена љубов.

Бик

Ако сте во врска

Ќе бидете мотивирани да вложете повеќе енергија во врската и да се вклучите во разни активности со партнерот. Можно е и кратко викенд патување, каде што ќе имате време да се посветите еден на друг. Во втората половина од месецот можни се проблеми, но со разговор лесно ќе ги надминете недоразбирањата. Морате да поставите нови заеднички цели.

Ако сте слободни

Поради високите критериуми што ги имате поставено, тешко ви е да ја препознаете личноста која би била совршен партнер. Не сакате да губите време со површни личности. Во втората половина од месецот, сепак ќе ви се допадне некоја личност, но освојувањето ќе се покаже како вистински предизвик. Ќе морате да се потрудите.

Близнаци

Ако сте во врска

Овој месец ќе биде совршен за исполнување на заедничките цели со партнерот. И двајцата се чувствувате задоволно и исполнето и си ја давате потребната поддршка. Добро би ви дошле мали промени во домот, без разлика дали ќе купите нешто ново или само ќе го промените распоредот. Кон крајот на месецот ве очекуваат повеќе интимни моменти што ќе ве зближат.

Ако сте слободни

Средбата со личност која ќе ви го привлече вниманието ќе ве направи оптимисти. Па, можно е да посакате и нешто повеќе од пријателство. На почетокот, потенцијалниот партнер можеби ќе биде заинтересиран само за забава, но до крајот на месецот сигурно ќе се роди и некоја емоција. Можно е да започнете долга врска.

Рак

Ако сте во врска

На почетокот од месецот можно е да ги заладите односите со партнерот. Ќе имате различни ставови, но во втората половина од март ќе ги решите несогласувањата. Ако сте планирале да промените нешто во домот, партнерот ќе се согласи, па ова ќе ви помогне да минувате повеќе време заедно. Покрај работата во домот, ќе уживате и во заедничките излегувања кои ќе ве направат навистина среќни.

Ако сте слободни

Ќе сфатите дека личноста која ви се допаѓа не е заинтересирана за вас. Дури во втората половина од месецот ќе запознаете личност која веднаш ќе ви покаже дека ја привлекувате. Зближувањето ќе ви изгледа како вистински предизвик, но на крај ќе најдете заеднички јазик. Постарите Ракови можно е да започнат и врска на далечина.

Лав

Ако сте во врска

Чувствувате мало незадоволство во врската. Потребна ви е емотивна топлина, но периодов партнерот е премногу зафатен со работните обврски. До средината на месецот, ситуацијата ќе се среди и ќе имате можност да работите на заедничките цели. И двајцата ќе се обидете да го направите заедничкиот живот што е можно подобар.

Ако сте слободни

Ќе се обидете да ѝ го привлечете вниманието на личноста што ви се допаѓа, но нема да успеете. Сепак, до средината на месецот некоја личност ќе се обиде да ве освои. На почетокот само ќе излезете неколкупати и ќе се забавувате, но сосема неочекувано ќе се зближите, па дури и ќе размислувате за врска. Ќе сфатите дека имате заеднички интереси, цели и потреби во љубовта.

Девица

Ако сте во врска

На почетокот од месецот најверојатно ќе го идеализирате партнерот. Но, проблемите што останале нерешени можат да бидат причина за несогласувања. Обидете се да му обрнете повеќе внимание на партнерот и ќе ви стане јасно што му треба од вас. Во втората половина од месецот ве очекуваат многу нежности и страсти, само обидете се да ги избегнете лагите.

Ако сте слободни

На поле љубов, март ќе биде навистина динамичен месец – ќе ве поканат на неколку состаноци, а можно е да се роди и нова љубов. Ќе запознаете личност со која сериозно ќе размислувате да започнете врска. Сепак, по неколку средби ќе сфатите дека сте премногу различни. Дури на крајот од месецот ќе запознаете личност која ќе ве освои со нејзината спонтаност.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Љубовен хороскоп за ноември 2023: Близнаци – ќе ве освои некој странец, Девици – бившата љубов ќе ви... Бик - Подготвени сте на многу работи за кои воопшто не сте сметале дека некогаш ...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg