Како 12-те хороскопски знаци ја поднесуваат домашната изолација?

На сите сега ни треба мала разонода и пауза од сериозните, лоши вести.

kako-12te-horoskopski-znaci-ja-podnesuvaat-domasnata-izolacija-03_resize.jpg

Тогаш, зошто да не проверите какви сте кога сте во домашна изолација, судејќи по вашиот хороскопски знак?

Овен

Овенот е секогаш подготвен со неопходните намирници, па така социјалното дистанцирање не му дојде нагло. Гордо ќе ви раскаже некоја анегдота за конзервираната храна и кутијата за прва помош. Овенот е секогаш подготвен за криза.

Бик

Дистанцирањето не му паѓа тешко, бидејќи одамна ја има докторирано темата изолација. Сака тросед, добра серија и пица со достава, па без проблем се прилагодува на новата ситуација. Дури и со задоволство ќе сподели листа на серии кои треба да ги изгледате.

Близнаци

Близнаците се стручњаци за филмови и серии, но знаат да препорачаат и добра книга. Времето во изолација го користат за работа на себе, а попатно ќе ги прередат полиците едно 10 пати, бидејќи не можат да седат мирни.

kako-12te-horoskopski-znaci-ja-podnesuvaat-domasnata-izolacija-02_resize.jpg

Рак

Со задоволство се грижи за домашните и ќе готви и пере во поголеми количини од вообичаено. Додека сите сакани му се под контрола – Ракот ќе биде најсреќен.

Лав

Иако сакаат големи друштва, Лавовите се посебно внимателни за своето здравје, па на пријателите внимателно ќе им ја објаснат ситуацијата. Редовно листаат по Инстаграм, за да не пропуштат некој трач или случување.

Девица

Од Овенот, единствено Девицата е поподготвена за ваква ситуација. Апсолутната кралица на практичноста и внимателноста, ништо не може да ја изненади. По 100 пати дневно ги мие рацете и ги потсетува сите дека не смее да го допираат лицето.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Вечерва има црна месечина која носи нови почетоци: Како ќе влијае на секој хороскопски знак? Девици, бидејќи оваа црна месечина е во вашата сезона, нејзиното влијание ќе бид...

Најчитани неделава