Љубовен хороскоп за мај 2020-та: Овните ќе започнат тајна врска, Водолиите ќе решат многу проблеми

Што ќе ви донесе мај на поле љубов? Дали добро ќе го искористите заедничкото слободно време, или само ќе ги заладите односите со партнерот?

juboven-horoskop-za-maj-2020-ta-ovnite-kje-zapochnat-tajna-vrska-vodoliite-kje-reshat-mnogu-problemi-01.jpg

Дали ќе имате можност барем онлајн да запознаете некоја интересна личност, или месецов среќата не е на ваша страна?

Овен

Ако сте во врска

На почетокот од месецот можни се конфликти со партнерот, и тоа поради тајни што сте ги криеле и двајцата. Обидете се да најдете решение, наместо само да си префрлате вина. Кон средината од месецот можни се дополнителни несогласувања, па најдобро е да разговарате за работите што ги одолговлекувате. На овој начин, до крајот на месецот ситуацијата ќе се подобри и ќе најдете начин да ја повратите изгубената доверба.

Ако сте слободни

Можно е да започнете тајна врска со некоја личност, но бидејќи комуникацијата воглавно ќе се одвива онлајн, набрзо ќе сфатите дека немате многу заеднички теми за разговор. До средината на месецот ќе се појават и несогласувања, па веројатно ќе ѝ ставите крај на врската. Месецов подобро не почнувајте друга врска, бидејќи среќата не е на ваша страна.

Бик

Ако сте во врска

Ќе ви годи тоа што минувате повеќе време со партнерот. Ќе имате многу можности за сериозни разговори, а ова само ќе ја зајакне вашата врска. Всушност, ќе сакате да разговарате и за теми кои долго ги избегнувате – нешто што дополнително ќе ве зближи. Во втората половина од месецот ќе им се посветите на заедничките цели.

Ако сте слободни

Целиот месец ќе бидете активни на социјалните мрежи и сајтовите за запознавање. Ќе запознаете неколку интересни личности и ќе барате партнер за сериозна врска. Дури пред крајот на месецот, сосема неочекувано, ќе почнете да се допишувате со личност која ќе ги исполни сите ваши барања. Ќе немате можност да се видите, но телефонските разговори ќе ве зближат.

Близнаци

Ако сте во врска

Ситуацијата во домот ќе биде одлична во првата половина од месецот. Слободното време ќе го користите за заеднички активности во кои и двајцата ќе уживате. Во втората половина од мај фокусирајте се на проблемите што сте ги запоставиле, но и на плановите што сте морале да ги одложите поради околностите. Можеби наскоро ќе имате можност да ги реализирате.

Ако сте слободни

Ќе минувате повеќе време на социјалните мрежи, па ќе запознаете многу личности. Една од нив ќе ви го привлече вниманието, а после неколку денови допишување, ќе сфатите дека навистина ви се допаѓа. Ќе немате можност за средба во живо, но веројатно и двајцата ќе сакате врска.

Рак

Ако сте во врска

Чувствувате дека врската станува монотона, а односот со партнерот се заладува. Сепак, во текот на месецот ќе поработите на комуникацијата и отворено ќе разговарате за проблемите и пречките. Голема е веројатноста да постигнете некоја голема заедничка цел, а ова ќе ја зајакне вашата врска.

Ако сте слободни

Изморени сте од љубовните авантури и сакате сериозна врска. Во мај ќе се двоумите помеѓу личност која сте ја запознале онлајн и личност која сте ја запознале преку заеднички пријатели. Во втората половина од месецот ќе донесете одлука и ќе бидете задоволни од вашиот избор.

Лав

Ако сте во врска

Можно е заладување на односите со партнерот, па месецов морате да им обрнете внимание на проблемите што сте ги избегнувале. Не заборавајте дека со искрен разговор можете да решите сè. Кон крајот на месецот подобро ќе го организирате заедничкото време и ќе најдете начин да се забавувате.

Ако сте слободни

Ќе почнете да се допишувате со некоја личност и набрзо ќе сфатите дека имате многу заеднички нешта. Всушност, можно е да почувствувате и љубов. Но, после 11-ти мај, можно е целосно да ја прекинете комуникацијата. Кон крајот на месецот очекувајте уште едно познанство, кое сигурно ќе трае подолго од првото.

Девица

Ако сте во врска

Можно е да се појават проблеми во врската, најмногу поради таинственоста на партнерот. За да избегнете влошување на ситуацијата, обидете се да му покажете сочувство на партнерот и замолете го за искрен разговор. Истовремено, најдете и некоја забавна активност за да ја разбиете монотонијата.

Ако сте слободни

Ќе ви биде тешко да најдете личност со која би започнале врска. Но, можно е да почне да ве привлекува личност која не е слободна. Сепак, набрзо ќе сфатите дека не сакате да се впуштате во таква авантура и целосно ќе го прекинете контактот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg